Поддржано од:    
                                                                                  
Zoki

Zoki

Дипломиран Електро Инжинер

URL на вебсајтот: http://www.atamacedonia.org.mk/


Економската состојба и реформите


За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да се грижи за економскот развој и подобрување на економската состојба. Во сегашнава ситуација може да се каже дека економскиот развој и стандардот на живеење стануваат сe позначаен проблем на националната безбедност. Ако институциите не се во состојба да создаваат во оваа област поволни резултати, со текот на времето, не може да се очекува дека тие ќе ја добијат потребната поддршка за остварување на други реформски процеси и значајни промени во општественото живеење.

Вторник, 30 Април 2013 11:45


Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37 национални ограноци составени од студенти,млади истражувачи и професионалци кои  го даваат свој придонес во подобрувањето на нашата глобална заедница. Во рамки на мрежата се обрнува внимание за важните прашања и предизвици,  конструктивната критика кон носителите на одлуки, промовирање на дијалог, а со тоа и влијаење. Младите ширум светот ја сочинуваат меѓународната младинска мрежа -YATA, и тие работат неуморно на тоа да се вклучат млади луѓе во меѓународната политика и безбедносните прашања.

Четврток, 25 Април 2013 13:28


(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО


Членството во НАТО е настан со трајни политички последици за македонскиот бизнис, ако не за друго, барем за тоа бидејќи во праксата го прави неповратен процесот на целосна пазарна трансформација на националната економија. Со приклучувањето кон НАТО целите на бизнисот ќе се комбинираат подобро со коалициските цели за колективна заштита на глобалната и националната безбедност. Ќе следи проширување на добро заштитениот пазарен простор, а подобрената институционална рамка ќе ги гарантира сигурноста и стабилноста на бизнис средината. Од своја страна подобро заштитената, стабилизирана и подобрена бизнис средина неизбежно ќе создаде стабилна и долготрајна тенденција за економски растеж, кој единствено би можел да ја подобри значително благосостојбата на граѓаните во земјата. 

Среда, 24 Април 2013 12:19


Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ) претставува центар на глобалните против-терористички напори речиси две децении. Заради нејзината етничка разноликост, географска позиција, историјата на воени судири, ЈИЕ стана централно жариште на Глобалната војна со теророт. По последните бомбашки инциденти во автобусот во Бургас, регионот стана особено ранлив на џихадистички активности кои имаат потенцијал да го поткопаат ранливиот мир изграден во последните години. Овој текст ќе ги анализира џихадистичките активности во ЈИЕ за да ја демонстрира важноста на развивањето на кооперативна  стратегија со земјите во ЈИЕ што ќе ја зголеми нивната мотивација и оперативните можности за развивање на ефективна противтерористичка стратегија за регионот.

Констатацијата дека само со успешна и добра политика можат да се разрешат сите проблеми, ризици и закани по одбраната и целокупната безбедност во државата, многупати се покажала како точна. За таа цел неопходно е државата да има добра безбедносна политика, поставена врз основа на анализи на заканите, ризиците, загрозувањата и опасностите по нејзиниот интегритет и нејзините граѓани. Членството на државата во меѓународни институции и организации формирани за заштита, одржување и унапредување на стабилноста од аспект на безбедноста, правдата, одбраната и внатрешните работи е особено значајно. Меѓутоа членството во овие организации подразбира и многу реформи во националното законодавство, заради создавање, одржување и зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во државата.

Четврток, 11 Април 2013 12:35

Најпрво, верувам во идејата дека од сите есеи ќе се создадат многу конструктивни мислења, дебати и полемики од страна на нас студентите, па токму и поради тоа би сакала да Ви ја изразам мојата благодарност на поканата за учество од институции како што се Министерството за одбрана, Воената академија, и Евроатланскиот Совет на Македонија кои веќе години се пример за почит и интерактивна соработка со нас младите, би потенцирала особено на оние кои своите интелектуални способности, вештини и знаења можат да ги изнесат пред една јавност и притоа истите да ги реализираат во форма на есеј.

Моето име е Зафирова Сандра и сум студент во трета година при Југоисточно Европскиот Универзитет во Скопје на факултетот по Јавна Администрација и Политички Науки и токму поради оваа причина , сметам дека е од примарно значење вашето интересирање за потенцијалните млади сили на оваа држава кои еден ден, ќе треба да се залагаат за остварување на предизвици од типот на оние со кои моментално се соочуваме а, тоа е интеграцијата на Р.М. во НАТО и новите безбедносни предизвици.

Четврток, 11 Април 2013 11:52

Европската унија својата врата сака да ја држи отворена за цела Европа. Тоа значи дека државите членки и државите кои сакаат да станат дел од нејзе, треба да ги прифатат постоечките правни прописи на Унијата. Нема исклучоци ниту по истекот на договорениот период на транзиција.

Визијата за Европа од 21 век се базира на некомплетни претпоставки. Според  неа се претпоставува дека земјите членки ќе и допуштат на Унијата да ја игра улогата на главен “двигател” во обединување на целиот континент  и дека државите кои сакаат  да станат нејзини членки безрезервно ќе ја прифатат нејзината политика содржана во Договорот. Во тоа ќе успее само ако се продолжи без погледнување наназад по патот по кој Заедницата чекори од самите почетоци.

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАТО “4. АПРИЛ“ СКОПЈЕ, 04. АПРИЛ 2013 ГОДИНА

Почитуван Потпретседател на Евро-Атланскиот Совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани,

Почитуван амбасадор на Република Турција, г-дин Ѓурол Сокменсеур,

Почитуван полковник Александар Александров, Шеф на Канцеларијата на НАТО во Република Македонија,

Почитувани медиуми,

Дами и господа,

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2509

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1793

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1392

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 1307

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 2082

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1455

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1143

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 2049

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…