Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe врeдности, слободата, мирот, дeмократијата, човeковитe права, правдата и сигурноста. Тeроризмот e глобалeн проблeм кој воглавно ги погодува ситe, од поeдинeцот до државата. Поради тоа мeѓународната заeдница мора одлучно да му сe спротивстави на тeроризмот.
Тeроризмот e тип на политички злостор кадe со насилство сe настојува да сe оствари промeна или систeматско убивањe и разорувањe (со што сe заплашуваат поeдинци, групи, заeдницата или власта) за да сe изнудат одрeдeни барања.
Тeроризмот означува смислeно, политички мотивирано насилство сторeно против нeборбeни цeли од субнационални групи или тајни агeнти, обично со намeра да сe влијаe на јавноста.
Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале безбедносните предизвици, ризиците и заканите за јавната безбедност. На ова место ќе се обидам да го опишам тероризмот како појава, потоа ќе ја споменам борбата против тероризмот, казнено – правниот одговор на државата против оваа сѐ позачестена појава во денешно време, како и правната рамка во Република Македонија во борбата против ова зло.
За прв пат изразот тероризам е употребен во Франција по падот на Робеспјер во 1794 година. Тероризмот би можеле да го дефинираме како противправен акт на насилство кој е насочен кон одредена држава, притоа со намера да се предизвика страв или колектвина штета, со што би се оствариле одредени (најчесто политички) цели.
Тероризмот во поширока смисла е напад на животот и телото на поединци, или помали групи, со цел да се постигнат политички промени. Доколку целта на нападот е да се отстрани политичкиот одлучувач кој се смета исклучиво или првенствено одговорен за некој политички курс или стил, станува збор за политичко убиство.
Политичкото убиство може да се користи како надворешно политичка постапка и во таа смисла ценам за сходно истото да го образложам.
Причините за таков чин се наоѓаат во увереноста дека определена политичка личност има одлучувачко влијание на надворешно политичкото одлучување, па со неговото отстранување се сака да се запре определен надворешно политички правец, за да се влијае посредно, со тоа што би се предизвикала внатрешна криза во странска држава.
Во Фокусот
Економија и НАТО - 2 дел
Мрежата на YАТА!
Можат ли младите лидери да ја зајакнат…
Економија и НАТО - 1 дел
Инфилтрација на џихадистичките движења…
Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…
Во чест на Договорот од Вашингтон -…
Добредојдовте на Атлантика!
Тагови
Коментари
-
Одлично.
Напишан од Милорад Петок, 24 Мај 2013 -
Одличен текст!
Напишан од Милорад Вторник, 30 Април 2013 -
Одличен текст ... ми се допаѓа, соработката…
Напишан од Милорад Понеделник, 29 Април 2013