Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 25 Април 2013 13:47


Првата реорганизација на Ирските волонтери започнала на 27.септември 1917 г. за време на конвенцијата во Даблин. На оваа конвенција присуствувале околу 250 луѓе, додека другите (кои биле во затвори) биле спречени да присуствуваат. Со конвенцијата претседавал де Валера кој ден предходно бил избран за претседател на Шин Фејн. Освен него, на конвенцијата биле присутни и многу други заслужни волонтери, од кои повеќето биле затвореници. Де Валера бил прогласен за претседател, избрано е и извршно тело кое се состоело од провинциски претставници. Други кои биле избирани за претседатали на разните ограноци на ИРА се Мајкл Колинс ( водач на организирањата ), Дарјмјуд Линч ( водител на комуникациите ), Мајкл Стејнс ( водач на увозот ),  Рори О’Конор ( водач на техничките ограноци ). Шон МекГери е исбран за генерален секретар, додека Катал Бурга е избран за претседател на извршното тело.

Четврток, 11 Април 2013 11:51

Во секое општество, опстојуваат и наѕираат разни идеи и вредности кои се разликуваат меѓусебно, и кои не ретко се поставени во видна спротивставеност. Заедно, сведени на едни место, формираат една апстрактна идеологија, која “бара” да биде спроведена во пракса и да се трансфоримира, од нешто невозможно во реалност. Движечката сила која го потпомага овој процес е токму политичката партија.

Политичките партии со агрегација на сопствените интереси во политичките платформи, им оставаат на граѓаните можност самите да се определат по кој од понудените патеки ќе тргнат - го бираат  начинот на кој ќе бидат владеани. Насоката во креирањето на политичките активности во политичкиот, или во поширокиот, општествен систем бара директна контрола во работењето и во дејствувањето на системските институции. Ваквата есенцијално значајна контрола ја превземаат политичките партии преку својата примарна цел – фузионирање во власта и непосредно влијание врз неа.

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2509

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1793

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1392

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 1307

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 2082

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1455

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1143

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 2049

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…