Поддржано од:    
                                                                                  
Понеделник, 29 Април 2013 12:30

Можат ли младите лидери да ја зајакнат трансатлантската врска и кои се опциите?

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(2 гласови)


Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент на безбедноста на Соединетите Американски Држави, како и на Европските земји. Транс-атланското партнерство придонесува за развојот на двете страни на Атлантикот и контунуирано продолжува да се развива. За време на овој период трансатланското партнерство стана мулти- димензионално и покрај безбедносните предизвици, ги инволвираше речиси сите важни полиња. Што се однесува до безбедносните прашања, тоа стана столб на евроатлантската безбедност, но и пример на соработка и разбирање помеѓу двата оддалечени географски региони. Тоа е уникатен начин на  заедничка проценка и справување со заканите, кој им овозможува на земјите да ги споделат нивните гледишта на современите прдизвици и акции.

Една силна карактеристика на транс-атлантското партнерство е неговата неформална инситуционализација преку Северно Атланската Организација. Речиси секоја вклучена земја е членка на НАТО, а ти е што не се членки, се НАТО партнери или членки на Европската Унија. НАТО алијансата е најважниот дел од трансатлантското партнерство затоа што ги претставува сите клучни земји вклучени во процесот на создавање на транс-атлантското партнерство. Според многу фактори, НАТО е синоним на транс-атлантското партнерство, тело кое што ги обликува заедничките односи, заедничките безбедносни грижи и начинот на справување со нив.

И покрај тоа што НАТО ја претставува транс-атлантската визија на своите земји членки, партнерите преку атлантикот го немаат истиот став спрема прашањата поврзани со безбедносните предизвици. Партнерите во транс-атлантската заедница често имаат различни перцепции за формата и нивото на инволвираност во меѓународните мисии  и употребата на расположливите ресурси.

Различните гледишта на земјите не е единствениот проблем во мрежата на транс-атлантското партнерство. Транс-атлантската заедница има три главни предизвици кои што треба да бидат земени в предвид поради потребата да се зајакне способноста на партнерството тоа да може да ја обликува меѓународната безбедност во иднина.

Менаџментот на ресурсите е проблем кој што се појави за време на светската економска криза која исто така влијаеше на економиите во Северна Америка и Европа. Економската криза го стави под знак прашалник начинот на кој било постапувано со ресурсите во минатото, и барање на нов пристап за тоа. Владите беа обврзани да ги намалат трошоците во безбедносните сектори кое што резултираше со сомнеж за нивото на идната подготвеност на земјите за справување со идните предизвици. Така земјите морале да изберат меѓу две тешки одлуки: да го намалат своето ниво на подготвеност и да се фокусираат на најважните предизвици или  взаемно  да ги  обликуваат нивните капацитети. За НАТО земјите членки првиот избор бил неприфатлив поради договореното  во  Стратешкиот концепт од 2010, да се додадат повеќе полиња во и така проширената безбедносна рамка.

Од друга страна овој концептот е посоодветен за сериозноста на предизвикот наречен SMART DEFENCE. Овој концепт е присутен веќе долго време, но за прв пат Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен го обликуваше во рамка која што е прифатлива за секоја НАТО членка. Овој концепт се виде како лек за современите безбедносни закани од страна на секоја земја вклучена во транс-атлантсото партнерство. Една важна карактеристика на овој концепт е неговиот широк дизајн, кој некои земји го наоѓаат задоволителен од причина  што не постојат директни начини на ориентација. Од друга страна пак оваа слобода на реагирање може да предизвика проблеми во начинот на имплементирање на оваа идеа. Концептот SMART DEFENCE ќе допринесе за меѓусебна доверба помеѓу земјите во решавањето на проблемот со ограничување на мерките на државите. Преку нивото на имплементација на овој концепт сериозно ќе се обликува иднината на транс-атлантското партнерство.

Уште еден важен предизвик во однос на транс-атлантското партнерство е нивото на развојот на актерите кои не се сметаа за важни за време на формирањето на транс-атлатската врска. Нивото на сеопфатен развој на новите светски сили може сериозно да го потчини транс-атлантското партнерство, ако не е прифатено како нова реалност која очигледно ја менува рамнотежата на силите. Економската криза може да ја смени ориентацијата на многу земји спрема новите прогресивни економии. Транс-атлантското партнерство треба да најде начин како да ги позиционира своите ставови наспрема новите растечки сили на начин на кој ќе ги вклучи и нив во широката глобална безбедносна мрежа.

Како трет предизвик кој транс-атлантските партнери треба да го земат во предвид е улогата на младите во овие процеси. Немајќи некој поголем настан или причина да ги потсети и мотивира, новите генерации на млади луѓе се се помалку свесни за важноста на транс-атланското партнерство. Во контраст на претходните генерации, современите млади луѓе не можат да имаат силно чувство за нивото и важноста на пријателството преку Атлантикот. Постојат два начини како  треба да му се пристапи на овој предизвик. Првиот е како проблем, а вториот е како шанса.

Транс-атлантските партнери мораат да гледаат на младите како шанса за подобрување на нивните врски во иднина. Но, за да се постигне ова треба да се пресмета потребата за транс-атлантска интеграција на младината. Економската криза може да биде голем проблем за време на овој процес, но тоа никогаш не треба да биде оправдување. Младината треба интензивно да соработува и преку оваа соработка да ја воочи потребата за нејзина интеграција во процесот на зајакнување на транс-атлантското партнерство.

Понатаму, признавањето на улогата на Светската Атлантска Асоцијација е првиот чекор кон постигнување на оваа цел. Организациите од ваков карактер, се само еден позитивен пример како да се вклучи и активира младата популација во новите процеси на промена и подобрување на транс-атлантските партнерства. Глобалната - широко распространета мрежа,  на Светската Атлантска Асоцијација и нејзините членки, е силна основа за подигање на свеста кај младите. Иако оваа организација работи на високо ниво, сепак секоја од земјите ги поддржува и стимулира проектите што се ориентирани кон интеграција на младите во процесот на зајакнување на транс-атлантските партнерства.

Уште еден важен чекор во врска со улогата на младите, е самиот НАТО да ги зголеми своите активности кон ова прашање. НАТО како клучен фактор за транс-атлантското партнерство, треба да развие сеопфатен и современ пристап се со цел да имаат подлога за работа во делот на прашањата поврзани со младите и нивната улога во транс-атлантското партнерство. НАТО треба да ги охрабри своите членови да работат заедно на овие предизвици и да креираат современи политики кои се повеќе ќе ја вклучуваат младата популација.

Новите генерации на лидери треба да бидат свесни за важноста на транс-атлантското партнерство. Младите ја имаат силата за промени и нивното лидерство треба да биде пренесено на следните генерации млади што ќе резултира и со зајакнување на транс-атлантското партнерство. 

Прочитано 1139 пати Последен пат изменето на Вторник, 30 Април 2013 11:43
Илија Џугуманов

Г-дин Илија Џугуманов е дипломиран политолог на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во моментот, ја подготвува својата магистерска теза на постдипломските студии за Меѓународни односи - разрешување на конфликти, на програмата од страна на Универзитетот во Гетеборг, Шведска (ТЕМПУС Проект). Џугуманов е претседател на Младината на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија (YATA Македонија). Како голем промотор на регионалната соработка и атлантизмот, на Светското Генерално Собрание во Рим 2013 година, тој беше избран за заменик-претседател за јавна дипломатија на Светската Младинска Атлантска Асоцијација (YATA) и стана еден од членовите на Извршниот одбор на светско ниво (чадор организација на 42 национални ограноци во светот).

Вебсајт www.atamacedonia.org.mk
Логирајте се за да поставите коментар

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2132

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1409

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1140

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 1067

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 1755

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1190

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 951

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1749

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…