Поддржано од:    
                                                                                  
Понеделник, 08 Април 2013 13:34

Во чест на Договорот од Вашингтон - НАТО Недела 2013

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(4 гласови)

Г-дин Илија Џугуманов

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од Вашингтон и што тој претставува. Договор кој стави крај на едно темно минато! Договор, со кој практично се отвори процесот на потесна соработка меѓу западноевропските држави, почеток на една здрава основа на западната воена алијанса, која во Вашингтонскиот договор од април 1949 година прераснува во Атлантската алијанса.

Во случајов, нема да се навраќам во далечната 1949та, туку во блиска иднина, односно 28ми март 2013та година, стартот на овогодинешното одбележување на денот на НАТО во Република Македонија и како тој беше прославен во мојата земја. Заврши уште една, според мене многу успешна НАТО Недела, составена од голем број на активности.

 

Со самото формирање на организацијата во далечната 1997ма година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, редовно, секоја година го одбележува денот на потпишувањето на договорот од Вашингтон.

Оваа година, 16ти пат по ред, главно наменето за пошироката македонска јавност, ја прославувавме 64тата годишнина од формирањето на Алијансата. Ги очекувам сите коментари, позитивни и негативни, за тоа како ви се допадна замислата и реализацијата на целиот настан. За таа цел, и ја посветив мојата втората колумна на Атлантика, токму за оваа тема. На самиот почеток, ги поканувам сите кои имаат свежи и конкретни идеи, да се вклучат во осмислување на НАТО НЕДЕЛАТА 2014та.

“НАТО Неделата 2013та – Обезбеди ја иднината“ е проект што претставува концепт и резиме од неколку разноврсни активности и настани што имаат една заедничка цел – да се одбележи 4. април, денот кога се прославува договорот од Вашингтон.

Оваа НАТО Недела, но и многу од претходните настани организирани од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, уште еднаш покажаа и докажаа само едно – дека со силна мотивација и посветеност, невладините организации можат да ги обединат клучните чинители, од различни сегменти од општественото живеење. Уште повеќе тие можат да влијаат во насока на позитивен тек на идните процецси. Со овој неколку дневен проект успеавме да обединиме луѓе од сите сфери на науката и општественото живеење.

Уште поголемо е моето задоволство, што целата НАТО недела 2013та, се организираше во екот на изборниот процес во Република Македонија, тајминг за кога е добро познато дека времето и активностите надвор од оваа тематика, како да подзастануваат. Ова го велам бидејќи кога ја најавувавме НАТО неделата, многу скептици не обесхрабруваа и ни велеа дека нема да успееме. Не само што успеавме, туку и привлековме огромно внимание од јавноста, но и од самите медиумите. Ги донесовме на нашите активности голем дел од клучните фактори и лидери на државните и приватните институции (министри, директори и слично).

Оваа 2013та година, главно од младите и за младите.

Сепак неможам, а да не ја изразам благодарноста до сите партнери и покровители на настанот, посебно НАТО секторот за јавна дипломатија, министерството за одбрана и лично министерот, г-дин Талат Џафери, Стопанската комора на Македонија, Факултетот за безбедност и Црвениот крст на Македонија. Исто така, неможам, а да не ја споменам поддршката од господинот Рамадани, но и на почитуваниот полковник Дуковски и проф. Д-р Хаџијанев. На неколку наврати низ организацијата на настаните заедно со нашите партнери, понекогаш и се мислевме која институција би ја претставувале. Самиот факт што овие луѓе, долги години се вклучени, работат или пак на волонтерски принцип придонесуваат во овие институции и организации, покажува колку се посветени на областа.

Подршката од Алијансата за Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е огромна, посебно на НАТО Секторот за јавна дипломатија. Доказ за тоа е и плодната соработка која ЕАСМ ја гради со НАТО канцеларијата во Скопје. Шефот на тимот на НАТО канцеларијата, полковникот Александров како и претставници од тимот, беа присутни на секој од настаните, што ни дава само еден поголем мотив за работа во иднина.

Претходно,  на неколку наврати ги споменав и потенцирав различните сфери на живеењето и области, различни профили на луѓе, важноста на цивилниот секотр во истите тие општества и слично. Зошто ги споменувам? Сакам да направам една ретроспектива со мала статистика на изминатата недела.

За период од 5 работни дена, беа организирани 10 големи настани и активности кои одекнаа широко во македонската јавност.

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија успешно ја организираше 4тата НАТО студентска симулација со наслов “НАТО и партнер земјите - идни предизвици и што понатаму?!”

Симулацијата практично претставуваше средба на шефовите на држави на Северно Атлантскиот Совет, каде што ја дискутираа соработката со партнерите и идните предизвици. Настанот имаше големо едукативно влјание врз студентите затоа што им даде можност да научат за проблемите на НАТО, безбедноста и меѓународната политика и овој пат со специјален акцент на соработката на НАТО со партнерите.

Со овогодинешната НАТО студентска симулација практично и беше лансирана и првата социјална мрежа за безбедносни и одбранбени прашања – Атлантика!

Настанот беше одржан на 28 март 2013 година во ЕРА центарот, Скопје и беше директно поддржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.

Со интензивирањето на активностите кои се важни за интеграцијата на државата во НАТО и вклученоста на македонските вооружени сили во различни мировни мисии низ светот, потребата за зголемено знаење на меѓународното хуманитарно право на сите оние кои што се бават со НАТО интеграцијата, безбедноста и мировните прашања станува многу важно.

Црвениот Крст на Македонија претставува главен актер во активностите на дисеминација на меѓународното хуманитарно право во државата. Во таа насока, на 02.04.2013 (вторник) Евро – Атлантски Совет на Македонија во соработка со Црвениот Крст на Македонија беше организиран едно дневен тренинг за меѓународното хуманитарно право на темата: “НАТО и меѓународното хуманитарно право”

Покрај традиционалниот дел за основите на меѓународното хуманитарно право, работилницата ги вклучи предизвиците за меѓународното хуманитарно право во современ контекст, посебно аспектот на мировните операции и борбата со тероризмот.

Како дел од НАТО неделата, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Стопанска комора на Македонија и факултетот за безбедност – Скопје организираа еднодневна научно – стручна со наслов “Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија”.

Самата научна конференција имаше сеопфатен пристап на темата за што најдобар показател беше различниот спектар и високото ниво на учесници.

Во соработка со министерството за одбрана, ЕАСМ организираше прес конференција за пошироката јавност и медиумите во РМ, токму на 4ти април, Денот на НАТО, со цел да упатиме силна потврда за посветеноста на Република Македонија кон евро – атлантските интеграции.

Како последен дел од настанот беше потпишувањето на меморандум помеѓу Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и Факултетот за безбедност – Скопје, со што се продлабочи идната соработка.

Покрај обуката за хуманитарно право, НАТО неделата беше завршена со еден хуман чин, повторно во соработка со Црвениот Крст на Македонија. И ние од ЕАСМ, како и самата Алијанса, нашето внимание секогаш го насочуваме и кон хуманитарните акции и дела. По успешно завршената собирна акција донациите во храна, облека и основни средства за лична хигиена, претставници на ЈАТА Македонија заедно со волонтери од Црвениот Крст на Македонија ги доставија во Пунктот за бездомници кој се наоѓа во Момин Поток и на други 120 стари изнемоштени лица вклучени во проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен крст на град Скопје.

Оттука произлезе заинтересираност за идно продлабочување на соработката помеѓу двете страни, што најавува многу нови активности.

На самите настани, присутни беа високи гости: многу министри, амбасадори, пратеници, државни секретари и советници, како и високи претставници на министерствата. Од академската фела, декани на факултетите и преку 20 професори и експерти од областа на одбраната, безбедноста, политичките и правните науки, економијата, животната средина и техничките науки.

На големо задоволство, на самите настани присуствуваа над 250 студенти.

Сите претходно набројани факти се однесуваат на физичко присутни лица на самите настани. Ова го потенцирам, бидејќи како и на секој нов настан, ние од Евро-Атлантскиот Совет на Македонија воведуваме по некоја новина, но овој пат изгледа претеравме, но не се преценивме. По самиот умор, неколку дена по завршувањето на НАТО Неделата го чувствувам тоа, но почнувајќи од овој проект Евро-Атлантскиот Совет на Македонија многу од идните настани ќе ги пренесува во живо преку свој live stream канал.  

Двата претходно организирани настани беа поставени на Светската Атлантска Асоцијација на која ЕАСМ е член. Мрежа од 42 национални ограноци ширум атлантикот. Исто така самиот пренос беше поставен на Социјалната мрежа Атлантика, официјалната веб страна на ЕАСМ и Стопанската комора на Македонија.

Преносот беше отворен преку 2000 пати, имаше околу 300 постојани гледачи, а коментираа 50 посетители. Уште една истересна новина е што годинешната 4та по ред НАТО студентска симулација, како и во реалност беше водена од Генералениот секретар на НАТО, но овој пат преку видео конференција од Лисабон Португалија. Претседателот на нашата партнерска организација од Португалија и Генерален секретар на Светската Младинска Асоцијација, Жоао Фреитас го водеше целиот настан преку видео врска која траеше повеќе од 5 часа.

Успешноста на овој почетнички обид и самите позитивни коментари и критики, ни даваат за право, да продолжиме со иновациите и да ги направиме нашите настани што поинтересни.

Во иднина не очекуваат многу настани за кои ни следува да пишуваме и да ги разговараме, се со цел што поуспешно да го реализираме секој од нив. Уште повеќе, допрва ќе следува стартот на Атлантика во правото „светло“, откако ќе помине овој промотивен период.

Верувам дека низ овој краток update, успеав барем малку да ви доловам од атмосферата за секој од настаните за НАТО Неделата.

До следно читање почитувани!

Прочитано 1105 пати Последен пат изменето на Вторник, 23 Април 2013 15:26
Илија Џугуманов

Г-дин Илија Џугуманов е дипломиран политолог на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во моментот, ја подготвува својата магистерска теза на постдипломските студии за Меѓународни односи - разрешување на конфликти, на програмата од страна на Универзитетот во Гетеборг, Шведска (ТЕМПУС Проект). Џугуманов е претседател на Младината на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија (YATA Македонија). Како голем промотор на регионалната соработка и атлантизмот, на Светското Генерално Собрание во Рим 2013 година, тој беше избран за заменик-претседател за јавна дипломатија на Светската Младинска Атлантска Асоцијација (YATA) и стана еден од членовите на Извршниот одбор на светско ниво (чадор организација на 42 национални ограноци во светот).

Вебсајт www.atamacedonia.org.mk
Логирајте се за да поставите коментар

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2397

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1706

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1337

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 1258

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 2014

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1403

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1106

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1984

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…