Поддржано од:    
                                                                                  

Ваше мислење (22)

Четврток, 25 Април 2013 13:47

Ирска Републиканска Армија - 2 дел


Првата реорганизација на Ирските волонтери започнала на 27.септември 1917 г. за време на конвенцијата во Даблин. На оваа конвенција присуствувале околу 250 луѓе, додека другите (кои биле во затвори) биле спречени да присуствуваат. Со конвенцијата претседавал де Валера кој ден предходно бил избран за претседател на Шин Фејн. Освен него, на конвенцијата биле присутни и многу други заслужни волонтери, од кои повеќето биле затвореници. Де Валера бил прогласен за претседател, избрано е и извршно тело кое се состоело од провинциски претставници. Други кои биле избирани за претседатали на разните ограноци на ИРА се Мајкл Колинс ( водач на организирањата ), Дарјмјуд Линч ( водител на комуникациите ), Мајкл Стејнс ( водач на увозот ),  Рори О’Конор ( водач на техничките ограноци ). Шон МекГери е исбран за генерален секретар, додека Катал Бурга е избран за претседател на извршното тело.

Четврток, 25 Април 2013 13:41

Поглед кон иднината! - 2 дел


СРЕДОЗЕМНО МОРЕ 17.04.2020
18:50 ET


Откако слета и последниот од повиканите генерали германецот Ројс, иницијаторот на состанокот Смит се изјасни со предлог за разрешување на новонастанатата состојба и бараше поддршка од другите присутни. Иако крајната одлука беше политичка и е потребно да биде донесена од страна на органите на НАТО Алијансата, генералите беа одговорни да го изработат планот и со оглед на минималното време кое преостанува до тајмингот на напад беше потребна сигурна и проверена тактика која ја има довербата и во воените и во политичките кругови на НАТО.

Констатацијата дека само со успешна и добра политика можат да се разрешат сите проблеми, ризици и закани по одбраната и целокупната безбедност во државата, многупати се покажала како точна. За таа цел неопходно е државата да има добра безбедносна политика, поставена врз основа на анализи на заканите, ризиците, загрозувањата и опасностите по нејзиниот интегритет и нејзините граѓани. Членството на државата во меѓународни институции и организации формирани за заштита, одржување и унапредување на стабилноста од аспект на безбедноста, правдата, одбраната и внатрешните работи е особено значајно. Меѓутоа членството во овие организации подразбира и многу реформи во националното законодавство, заради создавање, одржување и зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во државата.

Тероризмот во поширока смисла е напад на животот и телото на поединци, или помали групи, со цел да се постигнат политички промени. Доколку целта на нападот е да се отстрани политичкиот одлучувач кој се смета исклучиво или првенствено одговорен за некој политички курс или стил, станува збор за политичко убиство.

Политичкото убиство може да се користи како надворешно политичка постапка и во таа смисла ценам за сходно истото да го образложам.

Причините за таков чин се наоѓаат во увереноста дека определена политичка личност има одлучувачко влијание на надворешно политичкото одлучување, па со неговото отстранување се сака да се запре определен надворешно политички правец, за да се влијае посредно, со тоа што би се предизвикала внатрешна криза во странска држава.

Четврток, 11 Април 2013 12:45

Приоритети за нас

Патувајќи кон конфренцијата во Осло, Норвешка во себе размислувам за приоритетите кои треба да ги поставиме, за мене, за ЈАТА  и ЕАСМ.

Во време кога Македонија се стреми кон НАТО и ЕУ, а попречена од еден огромен политички проблем со јужниот сосед, наоѓаме силен предизвик за работа на евро интеграциската идеја, евро интеграцискиот пат.

Неодамнешната НАТО недела, насловена како “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” несомнено имаше огромен успех. Неколку мерила може да се користат за да се докаже и нејзиниот квалитет, учесници, посетеност, известувања по медиумите, посетеноста на социјалните мрежи, текстовите на партнерите кои следуваат по настанот, новините воведени во работата на ЕАСМ кои несомнено ги променија работите засекогаш.

Страница 2 од 3

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3671

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 4427

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 3452

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3551

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 3229

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2558

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5987

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 2432

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3449

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 3012

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…