Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 23 Мај 2013 13:38

Сајбер тероризмот и безбедносните предизвици

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)


“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама“

“Hic sunt leones – Таму има лавови“. Вака античките римски и средновековни картографи пишувале на мапите на кои ги обележувале сеуште неоткриените територии, имплицирајќи дека на такви места може да се најдат непознати опасности. Доколку сајбер просторот е реална локација која може да се испише на географските мапи, а не еден виртуелен домеин, очигледно дека ваквата констатација ќе можевме да ја прочитаме и во  случајот на сајбер просторот. Според дефиницијата на Националната Воена Стратегија за Сајбер Операции на Соединетите Американски Држави, сајбер просторот е “домеин карактеризиран со употреба на електроника и електромагнетни спектри за чување, модифицирање и размена на податоци преку мрежни системи и поврзани физички инфраструкури”.

Во денешно време колку по технолошки напредна е една држава, толку е повеќе ранлива на сајбер напади. Ако може да се каже дека компјутерските мрежи станаа нешто налик “нервен систем” на инфраструктурите на цивилниот и воениот сектор, онеспособувањето на овој “нервен систем” ќе значи и парализа на целокупниот систем, на целата земја. Информатичката технологија денес допира до секој аспект од животот, без оглед на локацијата. Комуникациите, науката и индустријата значително се развија благодарение на компјутерската технологија и продолжениот процес на глобализација. Сепак ваквото проширување на информатичката технологија во светот има и своја негативна страна. Отвори нови врати кон антисоцијално, деструктивно и терористичко однесување. Мрежните поврзувања и напредната технологија донесоа нови и пософистицирани можности за прекршување на законите, извршување напади и остварување на традиционалните типови на тероризам на нови нетрадиционални начини. Развија сосема нов начин на војување помеѓу државите, но и недржавните актери. Државите веќе не поседуваат монопол на војната. Сајбер нападите може лесно да бидат извршени од страна на тинејџери и криминалци, но може да бидат подготвени од терористички ќелии и меѓународно распространети групации. Ако еден насилен напад над државните инфраструктури го сметаме за акт на војна, тогаш зголемениот број на релевантни актери значи и дека војната не е повеќе базирана едиснтвено на политичката рационалност. Цел на нападите може да бидат мали или големи системи, и може да се мотивирани од обичен вандализам, финансиски и политички придобивки, се до начин на докажување и заработување престиж во очите на другите “сајбер војници”.Географската одалеченост и границите се исто така небитни, бидејќи една цел може да биде погодена од спротивната страна на светот за само неколку секунди. Глобалистичката природа на Интернетот значи дека државите  не се во можност да ги заштитат своите граници, со тоа поткопувајќи еден од фундаменталните елементи во структурата на меѓународниот систем - државниот суверенитет. Модерниот државен систем се темели на принципот дека територијалниот интегритет на државата и сигурноста на нејзините граници е заштитена и потврдена од страна на меѓународната заедница. Сајбер просторот нема своја територија која може да се заштити ниту пак граници кои може да бидат контролирани. Доколку една држава нема способност да го заштити својот суверенитет и да ја гарантира сигурноста на своите граѓани, таа дожувува неуспех во исполнувањето на својата примарна одговорност и навлегува во криза.


Постои генерална согласност помеѓу експертите дека бројот на сајбер напади во блиска иднина ќе се зголеми, а нивната тежина дополнително ќе расте. “Може да очекуваме да бидеме сведоци на една ескалација на тероризмот на глобална сцена со продолжување на конвенционалните акти на терор, како што се напади на бомбаши самоубијци, или вооружени престрелки, како и еден вид на “мега терор” како примерот сонападите од  11 Септември во САД и 11 Март во Шпанија. Исто таказа очекување е да има чекор напред во употребата на неконвенционални оружја: биолошки, хемиски и нуклеарни, како и сајбер тероризам во кој напаѓачите ќе се обидат да го попречат снабдувањето со електрична енергија или да влијаат на авионскиот сообраќај, на пример, со едно притискање на копче”.

Инвазијата на сајбер просторот се шири со огромна брзина, а времето на сајбер тероризмот допрва следи.

Прочитано 3175 пати Последен пат изменето на Четврток, 23 Мај 2013 13:53
Hristijan Despotovski

Господинот Христијан Деспотовски, дипломиран на политички науки на правниот факултет Јустинијан Први – Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Потоа запиша магистерски студии на Економскиот Факултет при истиот Универзитет, насока Монетарна економија, финансии и банкарство, а моментално работи и на подготовка на својата магистерска теза. Дел од Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија стана по последното Генерално Собрание на организацијата во Јануари 2012, од кога и постојано го дава својот допринос во голем дел од активностите на Евроатлантскиот Совет и ја искажува својата заинтересираност на теми од областа на безбедноста и одбраната.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2368

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3176

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 1924

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2304

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 1909

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1721

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 4563

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1284

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2581

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2086

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…