Поддржано од:    
                                                                                  
Среда, 22 Мај 2013 10:28

САД и концептот на еднаквост на суверенитот - 1 дел

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(2 гласови)


Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен проблем во современата теорија на меѓународното право. Глобализацијата и демократизацијата го намалуваат државниот суверентитет како што меѓународните правила и инститиуции стануваат понаметливи, транснационалното цивилно општество поактивно, а унитарната државна контрола станува се помалку изговарана.

Државниот суверенитет како нормативен концепт е предизвикан, посебно од функционална гледна точка каде што државата го губи својот нормативен приоритет и се натпреварува со супранационални, приватни и локални актери во оптималната алокација на регулаторниот авторитет. Но намалувањето на суверенитетот во корист на функционалниот пристап ќе ја интензивира нееднаквоста, ослабувајќи ги ограничувањата за присилна интервенција, ќе доведе до бришење на критичните улоги на државата како место за идентитет и зона за автономна политика, а притоа ќе доведе и до поделба на светот во зони. Традиционалниот нормативен концепт на суверенитет е слаб и со недостатоци, но во отсуство на подобри средства за менаџирање на нееднаквоста тој треба да остане приоритет.

Кингсбури смета дека концептот на суверенитетот го поткрепува принципот на суверена еднаквост што претставува клучна позиција во структурата на меѓународниот правен систем. Тој тоа го оправдува со тоа што евентуалниот суверенитет на државите би им овозможил да се здружуваат, при што би влијаеле врз меѓународното право надвор од желбите на големите земји. На тој начин, Кингсбури прави релација помеѓу потребата (и покрај глобализациските текови) државите да ја задржат својата сувереност и потребата државите да ги остваруваат правата што принципот на суверена еднаквост им ги нуди во меѓународното право.[1]

Од аспект на цврстиот позитивизам, Роланд Акстман го цитира Опенхајм кој при толкувањето на еднаквиот суверенитет смета дека без разлика на тоа што постои нееднаквост помеѓу државите поради големината, моќта, степенот на цивилизација, богатство и други квалитети, сепак државите се еднакви како меѓународни “карактери”. Токму ваквиот еднаков суверенитет е тој што е опишан во членот 2 (1) во Повелбата на ОН. Тука се претпоставува правна еднаквост во таа смисла дека еднаквоста е пред законот. Иако државите немаат исти права и не се еднакви во апсолутна смисла, сите држави го поседуваат правниот капацитет да ги уживаат правата кои веќе ги поседуваат.[2]

Од друга страна, Нико Криш (Nico Krisch)[3] смета дека суверената еднаквост претставува една од најголемите утописки замисли на меѓународното право, но и една од неговите најголеми измами. Криш ја споредува суверената еднаквост со еднаквоста на индивидуите и смета дека тоа е едно далечно ветување кои ги занемарува сите неправедни привилегии базирани на моќта, религијата, богатството или историската поставеност. За Криш, суверената еднаквост претставува ветување кои ги пречекорува безобѕирните неправедности на меѓународниот систем. Тој додава дека утописката аспирација отсекогаш била една од најпознатите карактеристики на меѓународното право, која во спротивност со реалноста на меѓународната политика помогнала да се зголеми надежта дека меѓународното право може да служи како мирољубив помирувач на нациите. Покрај тоа што таквата аспирација меѓународното право ја има уште од XVI век, таа постојано ја интерпретира на многу рестриктивен начин. Кога доаѓа до конкретни правила, суверената еднаквост најчесто е редуцирана на неколку норми кои би овозможиле некаков степен на суверена еднаквост. Како резултат, меѓународното право определува неколку ограничувања на ситуации на доминација и хегемонија; тоа обезбедува само ограничена заштита против употребата на нееднаква можност, и ги разочара тие кои се надеваа на по променлива моќ.

И покрај тоа, концептот за еднаквост на суверенитетот од секогаш бил извор на иритација за моќните држави, а и денес е истото за САД како единствена останата суперсила. Дури и неколкуте правила кои обезбедуваат формална еднаквост изгледа како да се во конфликт со нивните барања во меѓународниот правен систем, па според тоа Соединетите држави извршуваат голем притисок врз нив. Но еднаквоста на суверенитетот е иритирачка за моќните на многу базичен начин: стремењето кон утопија и вклучувањето на аспирација за не само формална туку и реална еднаквост овозможува концептот да се користи како идеал за понатамошен развој на меѓународното право. Креирањето на законите е раководено од многу пореална концепција за еднаквост отколку што е искажано во конкретните правила, а и влијанието на оваа реална концепција расте со зголемувањето на универзалниот и институционализиран карактер на меѓународното право. Продолжува...



[1] Benedict Kingsbury, “Sovereignty and Inequality.” European Journal of International Law, Vol. 9 (1998): 599-602

[2] Roland Axtman, Democracy - Problems and Perspectives, (Edinburgh: Edinburgh University Press, 2007), 149

[3] Nico Krisch, More equal than the rest? Hierarchy, equality and United States predominance in international law, Michael Bayers and George Nolte eds., US Hegemony and the Foundations of International Law (New York: Cambridge University Press, 2003), 135-137

Прочитано 2004 пати Последен пат изменето на Среда, 22 Мај 2013 10:32
Marko Pankovski

Марко Панковски дипломираше на Институтот за Безбедност, одбрана и мир при Университетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дополнително, тој е член на Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2454

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3269

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2005

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2384

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2007

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1775

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 4692

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1354

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2635

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2155

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…