Поддржано од:    
                                                                                  
Вторник, 21 Мај 2013 10:31

Наследството на Солферино

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(2 гласови)


Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае симболот  на ЕУ или НАТО, а 9ти мај, или денот на Европа, традиционално се одбележува и кај нас. Сепак, тој датум за мене оваа година остана малку подзасенет од еден навистина хуман јубилеј- прославата на 150 години хумана акција и одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Македонија.

Не верувам дека постои човек кој не знае што симболизираат  црвениот крст или црвената полумесечина поставени на бела основа. Таа еминентна препознатливост спаси многу животи во воените конфликти ширум светот и низ годнините, и беше првиот столб за повторна изгрдаба на многу општества потресени од најразлични природни катастофи. А идејата започна сосема скромно, изникнувајќи од прагматичните потреби на крвавото секојдневие, кое сосема случајно швајцарскиот трговец Анри Динан го посведочил пред век и половина, по битката кај Солферино  на патот да го пресретне Наполеон 3 за потребите на неговиот бизнис.

Згрозен од  близу 40 000 мртви и ранети на бојното поле, го организира локалното насление за помош, а потоа преминува кон обид за посистематски пристп на ваквата проблематика. Динан денес е запаметен по две работи: книгата насловена како „ Сеќавањата на Солферино“ и основањето на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст во 1863та, како иницијална каписла која во текот на годините создаде вистинска лавина- на идеи, луѓе, и национални друштва.

Сепак, хуманите идеи на Анри Динан не биле прифатени со одушевеност или огромна поддршка во неговото време. Пред да ја добие Нобеловата награда за мир ( како прв добитник во оваа категорија), пред се заради своите хуманитарни активности бил осуден на банкрот и финансиска пропаст, но и на многу препреки и изолација од своите некогашни партнери и пријатели кои виделе можност за сопствена промоција на негова сметка.

Денес, никој не би ни помислил дека  Црвениот крст имал вакви почетоци. Само за пример, волонтерите и вработени во Црвен крст и Црвена полумесечина низ целиот свет допираат до повеќе од 150 милиони луѓе секоја година преку програмите од областа на здравството, намалување на ризикот од катастрофите, социјалната вклученост и многу други.  Тринаесет милиони волонтери (да, добро прочитавте, 13 милиони) придонесоа  6 милијарди долари во економската вредност преку услугите што ги испорачаа во светот. Половина од  овие 13 милиони волонтери на Црвен крст и Црвена полумесечина ширум светот се млади  луѓе  водени од вредностите. Тие веруваат во еднаквост и ненасилството и сакаат да дејствуваат со значење и со цел во животот. Тие се агенти на промени.
Токму тука сакам да ја направам паралелата помеѓу хуманитарната дејност на Црвениот Крст и активностите на граѓанските здруженија, како доказ дека младите луѓе МОЖАТ И ПРАВАТ вистинска промена. Промена која можеби нема да ја почуствуваат самите, но која ќе ја почуствуваат генерациите после нив како еден чекор плус од изградена патека. Како млади евроатлантисти, имаме должност во личната себеизградба да се докажеме во акција. Евроатлантските интегративни процеси во принцип бараат луѓе од акција, како продолжен ефект на теоретските предзнаења. А дополнително, во овие  времиња кога Македонија е исправена пред сериозни предизвици, не смееме да дозволиме она што е создадено како навистина добра идеја да остане подзаборавено или да добие превез на скептичност-мора да ја задржиме земјата на евроатлантската патека.

Дополнително, бидејќи и при овој јубилеј како поле на сериозна загриженост  за Движењето беше поставено и недоследното почитување на меѓународното хуманитарно право, ќе направам уште една паралела- неопходноста за соработка и партнерство помеѓу НАТО и Меѓународниот комитет. НАТО, како воена и политичка алијанса неизбежно дејствува во кризни подрачја, залагајќи се за владеење на правото и заштита на човековите права. Заштитата понекогаш потпаѓа под принципите на меѓународното хуманитарно право, или под двоен режим. Од друга страна пак, Движењето е тука да обезбеди помош на оние кои им е најопходна. Симбиозата, за рационалните читатели, е повеќе од очигледна.

За крај, би сакала уште еднаш да им го честитам јубилејот на нашите партнери- Црвениот Крст на Р. Македонија и да им посакам да продолжат со својатауспешнаработа.Искрено се надевам дека ќе има се помалку катастрофи и вооружени конфликти кои ќе бараат брза реакција, но природата и еволуцијата на човештвото некако не ме разубедуваат во таа насока.

А сите млади луѓе ќе ги охрабрам со примерот на Анри Динан, и фактот дека дури и безвременските идеи, некогаш се пред своето време.

Прочитано 2304 пати Последен пат изменето на Вторник, 21 Мај 2013 10:36
Весна

Весна Попоска дипломираше право на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. На истиот факултет магистрираше на катедрата за меѓународно право и меѓународни односи, со завшна дисертација „Заштита на правото на живот при употреба на сила против современите закани од тероризмот“ . Алумни е на Школата за политика на Советот на Европа и Претседателската академија за млади лидери. Дел од Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија стана по последното Генерално Собрание на организацијата во Јануари 2012.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2368

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3176

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 1924

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2305

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 1909

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1721

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 4563

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1284

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2581

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2086

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…