Ние разговараме за решавање на спорот со името, проблем кој години наназад ги кочи нашите аспирации и едноставно тоа е една сериозна ситуација во која потребно е да се најде заеднички јазик, лично сметам и се надевам дека ќе се најде решение и компромис кој ќе биде прифатлив за дветте страни. Сметам дека овој процес треба ние самите да го движиме напред, што побрзо, толку подобро за нас бидејќи кога-тогаш ќе се најде разумно решение.
Имам неколку причини зошто сметам дека треба да се најде компромис без ниедна од страните да биде оштетена во овој процес со намера да се продолжи на патот кон евро-атлантските интеграции на нашата земја. Република Македонија придонесува за зачувување и воспоставувањето на мирот и стабилноста во светот заедно со другите земји членки на НАТО. Нашата земја има свој придонес, труд и влог во НАТО мисиите низ целиот свет (една од нив е мисијата ИСАФ во Авганистан) и продолжува да соработува и да ги поддржува сегашните и идните мисии на НАТО. Извештаите кои ги добива Македонија во оваа насока и учеството во НАТО мисиите се позитивни. Ова е доказ дека ние ги исполнуваме сите критериуми за зачленување во НАТО и се надевам дека ќе се продолжи да се работи со ист ритам во однос на овој контекст бидејќи од овие ставови и цели кои што треба да се движат во насока на изнаоѓање на заедничко решение се секогаш профитабилни и додбродојдени за нас.
Со пристапувањето во НАТО, придобивките за Република Македонија се значителни за нејзиниот интегритет, внатре во самата држава и во регионот, полека но сигурно ќе стане една од клучните фактори за воспоставувањето на мирот и стабилноста во Балканот. Тогаш како земја ќе претставуваме поголема сигурност со тоа што се очекува да има и подобра економска клима во државата, но и поголем интерес од страна на странските инвеститори за кои ќе бидеме сигурна и безбедна земја за влез на нивните инвестиции. НАТО и ЕУ работат со иста динамика во сите процеси кои што водат до целосно интегрирање на Балканот и продолжуваат со нивните забелешки и препораки за сите земји членки и земјите кои се фокусирани за процесот кој води до зачленување.