Поддржано од:    
                                                                                  
Вторник, 30 Април 2013 11:24

Положбата на жените во безбедносните структури

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(7 гласови)


Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните структури на државата. Сепак, и покрај разните реформи кои што се воведоа за подобрување на положбата на жената во армијата и полицијата, тие сеуште се многу малку застапени во истите, посебно на командните и раководните позиции.

Предизвиците со кои се соочуваат жените работејќи во безбедносните служби се огромни. Тие опфаќаат најразлични ограничувања поврзани со начинот на прием, усовршување,  напредување и така натаму. Сеуште присутно е и она непишано правило, кое вели дека најголем број од жените вработени во армијата и полицијата можат да напредуваат само до одредени нивоа и дека машките се подобри раководители од жените. Често се замерува на жените дека тие не се способни да ги синхронизираат професионалниот и приватниот живот и тоа им се одразува врз напредувањето на работата, а често може да доведе и до напуштање на службата.

Причината поради која некои жени се успешни во безбедносните структури е самиот факт што тие имаат голема поддршка од нивните семејства, а не од службата и колегите. Се со цел да се спречи дискриминирањето на жените во поглед на нивното работење во војската и полицијата треба да се превземат најразлични мерки. Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана треба да спроведуваат темелни истражувања за положбата на жената во војската и полицијата.

Истражувањата трба да бидат во вид на анонимни анкети кои што ќе се фокусираат на таа  група и да се спроведуваат темелни интервјуа. Исто така може да се организираат разни семинарии тркалезни маси на кои војската и полицијата би можеле да разменат искуства и заедно да изнајдат решение за полето на дискриминацијата. Средбите помеѓу машките и женските припадници на безбедносните структури исто така можат да вродат со плод со тоа што тие би ги размениле искуствата и предизвиците со кои се сретнуваат во текот на своето работење. Расте бројот на жени кои што сакаат да работат во оваа сфера, мотивите за тоа се различни: динамика во работата, желба да учествуваат во спроведување во законот, прилика да им помага на другите и сл. 

Сеуште преовладува застарениот став дека за работа во полицијата и војската потребна е физичка сила, а помалку интелектуална способност или пак поседување на одредени комуникациски вештини... За разлика од мажите жените имаат сосема спротивставен став. За нив, полициската работа бара подеднакво и умствени и физички способности. Заедничко за мажите и за жените кои што работат во безбедносните служби е тоа што тие треба да бидат пред се изградени личности, одговорни и корисни за својата заедница. Голем број на жени на почетокот на своите кариери се поставени на работни места кои што не одговараат на стручната спрема со која се стекнале, но сепак прифаќаат да работат, само со надеж дека во текот на својата кариера ќе го добијат соодветното работно место што го заслужиле.

Сепак, секогаш има и такви, кои макотрпно работеле, но тапкале/стагнирале на истата позивија долги години. Голем предизвик за жените претставува можноста да докажат дека и тие можат да се држат рамо до рамо со своите машки колеги и да ги исполнат сите задачи кои им се доверени.

Се со цел, жените да ја подобрат својата положба во овие сектори формираат различни здруженија. Најактивни се здруженијата на жени полицајци на териториите на Европа и Америка, но се среќаваат и на други територии низ светот. Една од целите на овие здруженија на жени е  да се постигне рамноправност во полициските служби. Во нашата држава прв конкурс на кој биле примени жени полицајци е во далечната 1992 година. Исто така, во Законот за полиција е утврдена родовата еднаквост и рамноправност при вработувањето, но сепак практиката укажува на недостиг на жени во  структурите на МВР.  Дека немаме целосна рамноправност во полицијата, укажува и податокот за половата структура на МВР, каде што само една четвртина припаѓа на жените. Жените се повеќе застапени во административниот дел во полицијата, додека во униформираната и криминалистичката полиција нивната застапеност се движи од 2-15%. што е далеку од минимумот на 30 % учество на жените во полицијата.

Прочитано 1948 пати Последен пат изменето на Вторник, 30 Април 2013 11:27
marina

Марина Илиоска дипломиран криминалист на Факултет за безбедност Скопје.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2792

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3565

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2329

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2655

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2323

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1949

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5129

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1615

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2851

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2355

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…