Поддржано од:    
                                                                                  
Вторник, 30 Април 2013 11:18

Тероризмот како меѓународна безбедносна закана

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(5 гласови)


Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале безбедносните предизвици, ризиците и заканите за јавната безбедност. На ова место ќе се обидам да го опишам тероризмот како појава, потоа ќе ја споменам борбата против тероризмот, казнено – правниот одговор на државата против оваа сѐ позачестена појава во денешно време, како и правната рамка во Република Македонија во борбата против ова зло.    

За прв пат изразот тероризам е употребен во Франција по падот на Робеспјер во 1794 година. Тероризмот би можеле да го дефинираме како противправен акт на насилство кој е насочен кон одредена држава, притоа со намера да се предизвика страв или колектвина штета, со што би се оствариле одредени (најчесто политички) цели.   

Обележја на тероризмот се заканите, насилството, примената на сила, чувството на страв и несигурност, психолошките ефекти и неконтролираната реакција, неслучајното одбирање на метите и на жртвите, добро испланираната и систематски организирана акција, начинот на борба и постигнување на неговите цели. Карактеристики на тероризмот се: прво, тоа што се работи за дело на човек; второ, тоа што постои општа опасност од стореното дело, трето, вината за стореното дело и четврто противправноста и одреденоста на кривичното дело во законот (КЗ). Факторите кои придонесуваат за појава на тероризмот се од најразлична природа, на пример: политички, економски, социјални, геополитички, религиозни и сл. Целите на тероризмот се секогаш политички обоени и можат да бидат најразлични, почнувајќи од изнудување на одредени отстапки, преку промена на дел од внатрешната и надворешната политика на одредена земја, па сѐ до јасно манифестирана желба за соборување на поредокот, односно освојување на власта во таа (или тие) земја (земји). Условно, политичките цели на терористичката активност можеме да ги групираме на посредни и на непосредни. Непосредни цели се давањето публицитет на своите дела и идеи, потоа нанесувањето штета на меѓународниот углед на една земја, предизвикувањето на принуди, разни изненадувања, обезбедувањето на симпатии на одредени слоеви и маси, вршењето притисок врз оние кои ја подржуваат антитерористичката активност. Посредните цели можат да бидат конкретни (преземање и консолидирање на политичка власт во одредено општество) или неодредени (покренување светска револуција во интерпретација на оние терористички групи чии цели ги надминуваат националните граници, а кои ги нарекуваат анархисти).

Тероризмот (со меѓународно значење) своите зачетоци ги има уште во далечната 1930 година, кога било извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација. Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава, туку неговата деструктивна моќ подеднакво ја чуствува целокупната меѓународна заедница. Ова значи дека е неопходно да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика и во меѓународните односи.    

Се претпоставува дека денес во светот има повеќе од 3.000 терористички организации, со вкупно 200.000 терористи. За големината и јачината на терористичките организации илустративно говорат и извршените 73.785 терористички инциденти во периодот од 1970 до 1997 година. Исто така, мошне значајно е и тоа што тероризмот се става и во функција на интернационализација на воените (и граѓанските) конфликти. Создавањето на сѐ поголем број меѓународни терористички организации и сериозноста на тероризмот како нуклеарна, биолошка и хемиска закана претставува „ахилова пета“ на нашата цивилизација, односно смртна опасност за иднината на целокупното човештвото. Глобалните закани во целост претставуваат закани на новото време, односно сериозна опасност за меѓународниот мир и безбедност. Светот е изложен на нови големи и опасни терористички провокации, но и акции. Стравувањето од меѓународниот тероризам денес е стигнато и до таа мерка што се очекува и примена и на нуклеарните борбени средства со помал интензитет само за да се остварат поставените цели, притоа не обрнувајќи внимание на поголемиот број човечки жртви и материјални штети.

Меѓународата регулатива на тероризмот следи ex post facto, односно како реакција на неговите сѐ понови и понови форми на реализација. Така, по зачестените терористички акти насочени против безбедноста на усвоени се многубројни конвенции, декларации и  други политичко - правни инструменти кои дирекно или индирекно зборуваат за тероризмот како глобален проблем и негово елиминирање, односно сузбивање.

Како реакција на промените во феноменологијата и во организираноста на меѓународниот тероризам во 1994 година, Генералното Собрание на ООН усвои посебна Декларација за мерките за елиминирање на меѓународниот тероризам, во која се изразува определбата на меѓународната заедница за нова стратегија за борба против тероризмот. Прв плод на новиот пристап кон меѓународниот тероризам е Меѓународната конвенција за казнување на терористичкото подметнување бомби, која ја усвои ООН во 1997 година. Вториот, исто така, значаен исчекор е направен со усвојувањето од Генералното Собрание на ООН на Меѓународната конвенција за спречување на финансирање на тероризмот од 1999 година. Од големо значење се и двете регионални конвенции: Вашингтонската конвенција за спречување и за казнување на актите на тероризам што се изразуваат во форма на злосторства против лица од меѓународно значење и во форма на изнуда, кога таквите акти имаат меѓународни реперкусии, усвоена во Организацијата на американските држави во 1971 година; и Европската конвенција за репресија на тероризмот усвоена од Советот на Европа во 1977 година.      

Од практичен аспект за реализација во борбата против тероризмот треба да ги споменам и неколкуте познати антитерористички единици во светот, кои успешно изведуваат операции против тероризмот, како што се: западно германската антитерористичка “ГСГ-9”; “САС”; и “СБС” во Велика Британија; единиците на “НОСК” на Италија; Египедската антитерористичка единица ”САИКА”; “Зелените баретки” и ”Ренџерите” како и “ДЕЛТА” одредите во САД; потоа руските специјални антитерористички единици “СПЕНЦАЗ”.

Во Република Македонија функционира Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (поранешна Дирекција за спречување на перење пари), која започна со работа во март 2002 година, само неколку месеци откако за прв пат проблематиката на спречување на перење пари во Република Македонија правно е регулирана со донесувањето на Закон за спречување на перење пари (од 2001 година). Основна задача на оваа институција е финансискиот мониторинг, односно следењето на патот на парите и спречувањето нелегалните пари да бидат вклучени во легалните финансиски текови, како и откривањето и спречувањето на финансирањето на тероризмот.

Од погоре наведеното можеме да заклучиме дека со определувањето на целите и објектите на терористичките акции, како и со согледувањето на последиците од овие терористички акции, може да се даде и подобар казнено – правен одговор во спречувањето на тероризмот, притоа со поставување на казнено – правна рамка за оваа негативна појава и зло. За поефикасно справување со тероризмот, правната рамка за тероризмот треба да ги инкриминира казнените дела со кои се споведуваат терористичките акции, а притоа, се разбира, санкционирајќи ги извршителите на тие акции.   

Прочитано 5339 пати Последен пат изменето на Вторник, 30 Април 2013 11:23
Ilija Jovanov

Илија Јованов e студент на Факултет за правни науки при ФОН Универзитет Скопје.   

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2949

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3750

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2548

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2935

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2478

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2046

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5340

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1726

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2952

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2483

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…