Поддржано од:    
                                                                                  
Понеделник, 29 Април 2013 12:50

Одржливост на НАТО партнерствата: точки за дискусија

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(5 гласови)


Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ светот може значително да ја подобри способноста на Алијансата да превенира и менаџира закани. Барањето на повеќе и повеќе партнерства претставува проактивна стратегија што му овозможува на НАТО логични предности.


Иако политиката на партнерстват на НАТО изгледа прилично јасна и прецизна, сепак постојат некои прашања кои треба да бидат одговорени. Дали ова глобална партнерска мрежа е нешто што НАТО може да го менаџира? Понатаму, дали е НАТО подготвен да ја модификува својата позиција во однос на можните барања на партнерите? И за крај, дали НАТО може да се потпре на партнери кои имаат нестабилни влади и кои прават радикални политички промени од еден изборен циркус до друг?

Во однос на првото прашање, НАТО треба да ги анализира своите способности да менаџира толку широка мрежа на партнерства, имајќи ја во предвид можноста да занемари некои постоечки партнерски структури. Создавањето на силни и корисни партнерства бара енергија и посветеност. Токму поради ова, НАТО треба да приоретизира и да реши која партнерска структура или иницијатива е најважна за современиот безбедносен концепт. Но, дали НАТО треба да го приоретизира Медитеранскиот дијалог или Истанбулската иницијатива?Иако изгледа прилично лесно да се одговори дека двата процеси треба да се практицираат, тоа ќе води до две релативно слаби мрежи на партнерства. За да се создадат партнерства во два правци кои се силни и корисни, НАТО треба да приоретизира, што секако, не значи дека други партнерски мрежи треба да бидат напуштени.

Процесот на прилагодување на позициите на НАТО наспроти можните барања на партнерите може да претставува понатамошна пречка за развој на некои партнерски структури. Партнерствата подразбираат соработка и во тоа во одредена точка сигурно води то компромиси. Според ова, во некои точки на процесот на градење партнерства, НАТО може да се соочи со барања кои можат да бидат против интересите на Алијансата. Некои од земјите-партнери не се доволно развиени демократии што значи дека некои од воените и политичките стандарди на НАТО нема да можат да бидат комплетно имплементирани. НАТО партнерствата не се дизајнирани само за оперативна соработка, туку и да ги засилат врските на стратегиско и политичко ниво. Иако НАТО се раководи според листа на приоритети за дијалог и консултации[1], оваа рамка е премногу широка и можностите и акциите кои би воделе до недоразбирање не се определени. На долг рок, во процесот на продлабочување на партнерските структури, комплетно е нормално е дека позициите на партнерите може да имаат спротиставени мислења и во оваа ситуација, НАТО треба да има претходно определена стратегија како да реагира.

Финално, како многу важна точка за дисуксија за политиката на партнерства на НАТО е прашањата кое се појавуват кога ќе се споменат нестабилни влади и радикални промени во политиките. Покрај партнерските иницијативи и партнерствата со организации, НАТО гради и индивидуални партнерства со многу држави. Овие индивидуални партнерства вклучуваат држави како Украина и Џорџија чии политики поврзани со евро-атлантската безбедност и интеграциите, значително варираат од еден избор циклус во друг. Според тоа, не е тешко да се утврди дека овие земји не се цврсти партнери на НАТО на долг рок и дека тие партнерства функционираат само на ад хок основа. Иако рамката за соработка со овие земји е лимитирана, НАТО треба повторно да го обмисли начинот на соработка со државите кои немаат континуитет во нивната надворешна политика. Ова е исклучетно важно, имајќи во предвид дека вакви промени можат многу лесно да сменат статус на одредена држава од партнер во потенцијална закана што ја поткопува одржливоста на овие партнерства.

Може да се заклучи дека, политиката на НАТО партнерствата значително се разви по крајот на Студената војна и многу иницијативи и партнерства кои беа креирани со држави кои се важни безбедносни фактори кога е во прашање евро-атлантската безбедност. Ориентацијата на НАТО да интегрира наместо да изолира и проактивно да ја шири мрежата на партнери, го засилува влијанието на НАТО врз светскиот мир и безбедност, што е клучно при развојот на НАТО како безбедносна организација во еден глобализиран свет. Процесот на креирање партнерства е посебно динамичен и бара постојана ревизија и обмислување за да бидат подобрени и да се поклопуваат со современите безбедносни процеси. НАТО треба константно да ја ревидира сопствената политика на партнерства, да ја развива и да се обиде да создаде одржлив процес кои ќе ги елиминира заканите и ќе резултира со повеќе безбедност за НАТО и неговите партнери.


[1] За повеќе околу листата на приоритети за дијалог и консултација:

http://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_84336.htm?

Прочитано 1726 пати Последен пат изменето на Понеделник, 29 Април 2013 12:55
Marko Pankovski

Марко Панковски дипломираше на Институтот за Безбедност, одбрана и мир при Университетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дополнително, тој е член на Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

1 коментар

  • Коментирајте Милорад Понеделник, 29 Април 2013 14:16 објавено од Милорад

    Одличен текст ... ми се допаѓа, соработката секогаш треба да се става под знак прашање, сегашните сојузници можат во иднина да станат потенцијални и реални непријатели и закани, но и обратно.
    Како и да е, поголема соработка и градење партнерства води кон намалување на сомнежот и недовербата, а крајниот резултат е постигнување на одржлив развој не само на националните општества туку и на меѓународното општество во целина.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2949

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3750

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2548

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2935

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2478

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2046

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5340

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1727

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2952

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2483

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…