Поддржано од:    
                                                                                  
Петок, 26 Април 2013 14:28

Историјат и формирање на Хеликоптерската единица за полициски намени “Јастреби”

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(9 гласови)


Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска милиција, но во моментот на создавањето Хеликоптерската единица не поседувала ниту едно летало и како таква продолжила да функционира на хартија, се до 1970 година кога бил испорачан и првиот хеликоптер Augusta-Bell AB206AJetRanger II, кој бил донесен од Италија. На тој начин тогашниот Македонски Републички Секретаријат за Внатрешни работи станал втор полициски оператот на хеликоптери во Југославија, после Словенија.

Веднаш по пристигнувањето на хеликоптерот се започнало со континуирани обуки и вршење на работите од својот делокруг на работење. Главна улога тогаш на Хеликоптерската единица била мониторинг на границите на Југославија со Бугарија, Грција и Албанија, хуманитарни мисии, како и други работи од делокругот на своето работење се со цел зачувување и заштита на интересите на Македонија. За жал, есента 1972 година, за време на мисија, првиот и единствен хеликоптер бил целосно уништен во инцидент блиску селото Лојање, Шар Планина, Тетовско. Набргу потоа, Републичкиот Секретаријат за Внатрешни работи нарачал друг хеликоптер AB206 од Agusta. Единицата била оставена без хеликоптер се до 1973 година, кога нов AB206BjetRanger II хеликоптер бил ставен на располагање на единицата. Како резултат на одличното работење во деведесеттите години, единицата ја има добиено и престижната Златна плакета за нејзината работа во сферата на цивилната заштита.

Организациската поставеност на Хеликоптерската единица за полициски намени во Министерството за внатрешни работи

Хеликоптерската единица за полициски намени е дел од Одделот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Министерство за внатрешни работи

Биро за јавна безбедност

Централни полициски служби

Оддел за воздухопловни единици

Хеликоптерска единица за полициски намени

Употреба на полициските воздухоплови

Полициските воздухоплови се употребуваат за потребите на Министерството, за потребите на други органи на државната управа и за потребата на други правни и физички лица, во согласност со намената и опремата на полициските воздухоплови. Во своето работење полициските воздухоплови се употребуваат за вршење на следниве работи:

  • Превоз на луѓе и опрема;
  • Превоз на ВИП личности;
  • Активности во соработка со организациските единици на МВР;
  • Извидување и контрола на сообраќај;
  • Извидување и контрола на државната граница;
  • Извидување, следење, набљудување, документирање и снимање од воздух;
  • Маркирање и одбележување на цели од воздух;
  • Подршка на полициските сили од воздух;
  • Обука, дообука, тренажа и пробни летови;

За потребите на други корисници, полициските воздухоплови можат да се употребуваат за вршење на следниве работи и услуги:

  • Превоз на ВИП личности;
  • Превоз на опрема и предмети;
  • Испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи;
  • Интервенции на телекомуникациски објекти;
  • Потрага и спасување од воздух;
  • Заштита на животната средина;
  • Медицинска евакуација на повредени лица;
  • Превоз на лица заболени од определени болести и на инвалиди;
  • Снабдување со храна, лекови, како и превоз на лица и опрема во и од непристапни области;

Значењето на Хеликоптерската единица за зголемување на ефикасноста во полициското работење и некои акции во кои била вклучена

Хеликоптерската единица за полициски намени, опремена со најразлична софистицирана опрема е витален дел на секоја модерна полиција, бидејќи со својата организациска поставеност е во соработка со сите други организациони единици на Министерство за внатрешни работи и им стои на нивно располагање за остварување на своите цели, почнувајќи од надзор на државната граница, обезбедување претставници од други земји, оперативни активности со свое директно учество во акциите, потоа, интервенции при природни непогоди, хуманитарни задачи, дотур на храна и лекови.

Прочитано 2906 пати
Васе Русуманов

Васе Русуманов е претседател на Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2890

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3675

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2441

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2849

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2416

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2014

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5234

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1667

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2907

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2433

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…