Поддржано од:    
                                                                                  
Петок, 26 Април 2013 10:34

Местото, улогата и важноста на дипломираните студенти на Факултетот за безбедност во безбедносниот систем на Република Македонија

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(8 гласови)


Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните студенти на Факултетот за безбедност (поранешна Полициска академија) и се поголемиот игнорантски однос од страна на државните институции се решив моето прво излагање да биде на оваа тема, а се со цел да го свртам вниманието кон еден сериозен проблем во кој се вклучени многу судбини, меѓу кои и судбината на нашата држава.

Факлутетот за безбедност како една од неколкуте високообразовни институции од областа на безбедноста во Република Македонија, зазема значајно место во безбедносниот систем на државата. Преку неговата научно-истражувачка и едукативна дејност од областа на безбедноста дава значаен придонес во севкупната подготвеност и потенцијал на македонските безбедносни служби.

Реномето кое го поседува Факултетот и неговиот наставен кадар како една од посилните алки на оваа институција, ни дава за право да веруваме дека кадрите кои произлегуваат од истиот се соодветно едуцирани и обучени и истите со стекнатото знаење и вештини можат во голема мера да допринесат во подобрувањето на потенцијалот на безбедносните служби на државата. Преку студиските програми кои опфаќаат повеќе сегменти од областа на безбедноста оваа институција произведе и сеуште произведува кадар кој е способен да се справи со сите видови на криминал кои секојдневно им наштетуваат на индивидуите, општеството и во крајна мера на државата.
За Факултетот за безбедност нема да пишувам многу. За него зборува неговото минато, зборуваат делата и се разбира зборуваат биографиите  на наставниот кадар.

Она на што сакам да обрнам внимание е еден сериозен проблем кој подолго време постои но постојано се „турка под тепих“, а истиот се заканува сериозно да им наштети на угледот на Факултетот и на подготвеноста на безбедносните служби во борбата против современите форми на криминал. Проблемот е актуелен помеѓу студентите, дипломците, наставниот кадар на Факултетот па и внатре во самите безбедносни служби на државата. Станува збор за неадекватното односно комплетното незгрижување на дипломираните студенти на оваа високообразовна институција.

Во време во кое безбедносните служби се соочуваат со се пософистицирани форми на криминал, кога криминалот злоупотребувајќи ги поволностите на глобализацијата постојано се шири и кога на безбедносната сцена се појавуваат нови методи и начини на работа на криминалците, во нашата држава кадрите кои се образувани да се справат со овие проблеми се игнорирани токму од онаа држава за која истите тие се одлучиле да го посветат животот. Тие кадри заедно со севкупниот нивен потенцијал се оставени во заборав. Како одминува времето индивидуалниот потенцијал се губи, а со тоа се нанесуваат несогледливи штети на комплетниот безбедносен потенцијал на државата.

Безбедноста е специфична област. Токму поради тоа и дипломираните кадри на Факултетот за безбедност се специфични кадри. Затоа овие кадри не можат да ги понудат своите капацитети на пазарот на трудот. Безбедноста не е нешто што се продава и купува. Таа се обезбедува преку соодветните државни институции. Агенциите за обезбедување, како делумна алтернатива, не нудат можност за комплетно искористување на капацитетите на овие кадри и затоа не може да се сметаат за најсоодветно решение.

Безбедносните служби на Република Македонија мора да превземат решителен чекор во однос на нивната кадровска политика и согласно своите потреби да обезбедат место за овие кадри. Од ова најмногу корист ќе имаат токму самите служби. Со соодветни законски решенија може да се реши овој проблем на подолг рок и да се спречи губењето на овој потенцијал и „одлевањето на мозоци“ од нашата земја.
Оваа држава не е имуна на современите облици на криминал. Токму затоа оваа држава не може и не смее повеќе да си дозволува да ги губи овие луѓе и нивното знаење. Тие се тука. Тие се реалност и оваа држава мора да стори нешто за овие луѓе, а со самото тоа и за себе.
Со ова мое излагање не сакам да напаѓам или да нанесам штета на некого. Само сакам да го свртам вниманието кон овој сериозен проблем кој секоја година станува се поголем и поголем. Секоја година Факултетот за безбедност продуцира нови кадри и секоја година на Факултетот се запишуваат нови, свежи сили кои подоцна ќе се приклучат на армијата дипломирани но невработени дипломци на овој реномиран Факултет. Токму затоа ова мое излагање нека биде поттик за сите оние кои се дел од безбедносниот апарат во земјава и кои ја сакаат и и мислат добро на Република Македонија, да се заложат за изнаоѓање на долгорочно решение на овој проблем. Бенефитот ќе го почувствуваме сите.

Прочитано 2229 пати Последен пат изменето на Петок, 26 Април 2013 10:40
Златко

Златко Цветковски, дипломиран на Факултетот за безбедност и финансиска контрола 2010 година.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2599

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3373

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2086

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2490

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2147

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1842

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 4910

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1471

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2724

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2230

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…