Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 25 Април 2013 13:41

Поглед кон иднината! - 2 дел

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(3 гласови)


СРЕДОЗЕМНО МОРЕ 17.04.2020
18:50 ET


Откако слета и последниот од повиканите генерали германецот Ројс, иницијаторот на состанокот Смит се изјасни со предлог за разрешување на новонастанатата состојба и бараше поддршка од другите присутни. Иако крајната одлука беше политичка и е потребно да биде донесена од страна на органите на НАТО Алијансата, генералите беа одговорни да го изработат планот и со оглед на минималното време кое преостанува до тајмингот на напад беше потребна сигурна и проверена тактика која ја има довербата и во воените и во политичките кругови на НАТО.

Американските “фоки” и македонските “волци” се наоѓаат блиску до границата со Турција и  чекаат на повик ,спремни да им биде претставен планот изготвен од страна на централа за стратегиско и тактичко планирање на НАТО, објави генералот Смит вадејќи ги на масата плановите испишани и исцртани на сина хартија. Во тој момент се слушна гласот на генералот Ле Пен, французинот со прашален израз на лицето и со неверување го повтори тоа што го кажа американецот Смит. Неверувањето беше разбирливо, македонските “волци” беа припадници на армија која постои нешто помалку од 30 години , и доаѓа од земја која пред само неколку години, стана рамноправна членка на Алијансата. Кои се тие “волци” и како може да се стави иднината на светот во нивни раце, кога земјата од која потекнуваат дури не е ни на листата на можни дестинации за детонација на бомбите ?! Сомнежот на французинот беше јасен, иако беше свесен за тоа кои се “волците” и со какви дела ја заслужија ваквата почит и доверба од страна на НАТО централата.Тоа беа оние храбри војници кои во првите борбени редови гордо ги водеа мисиите на НАТО. Претставници на мала воена сила, но сепак рамноправна учесничка на обезбедувањето на колективната безбедност во светот. Земјата на Мајка Тереза која продолжи по нејзините чекори, НАТО членка чии претставници на заедничките мисии со Обединетите Нации сееја хуманост, добрина и топлина на оние на кои им беше најпотребна. Земја која ја покажа својата зрелост во годините откако стана полноправна членка на Алијансата и го ширеше мирот и стабилноста не само во блискиот регион, туку и секаде каде НАТО градеше и овозможуваше развој и просперитет на демократските вредности и либерализмот. Ле Пен се сети и на кобниот вторник, оној ден кога беше објавена закана за упад во компјутерите на главната електрична централа која го снабдува Копенхаген, главниот град на Кралството Данска, со електрична енергија. Заканата со помош на тимот од CERT (Computer Emergency Response Team), кои благовремено спречија поголема штета во системот, остана само закана и не предизвика посериозни проблеми. Тимот во кои имаше и државјани на оваа мала земја, членка на НАТО.                                                                              

Мислите на французинот, единствениот скептик на состанокот ги разби длабокиот глас на Генералот Алтај, турчинот беше најискусен од сите генерали и поради почитта која ја имаа останатите кон него реши да го остави својот став за на крај. Мудро ги забележа сите оние случувања од минатото кои поминаа низ мислите на Ле Пен, но го додаде главното. НАТО Алијансата има основна улога да со примена на политички и воени средства  ја штити слободата и безбедноста на своите земји-членки, да ги штити заедничките вредности на демократијата на своите сојузници, слободата на поединецот, улогата на законот и мирното надминување на недоразбирањата и да ги промовира овие вредности во рамките на североатлантската област. Таа се заснова на идејата на одбрана на сите нејзини земји-членки од агресија или од заканите за агресија, како и од принципот според кој нападот врз една или врз неколку земји-членки ќе се смета за напад врз сите земји-членки. Токму ова беше моменталната состојба. Членот 5 од Договорот од Вашингтон предвидуваше токму вакви ситуации, во нив НАТО треба да ја покаже својата големина и колективност и да делува сплотено. Со оглед на изработениот план и кусокот на време ова е најдобра опција за НАТО како колектив и за мирот во светот. По ова сите погледи се свртеа кон Ле Пен. Изразот на неговото лице беше сменет, сега веќе и нему му беше јасно пред каков момент на одлука се наоѓа и знаеше кој е вистинскиот одговор.

БРИСЕЛ 18.04.2020 11:59 ЕТ

Генералниот Секретар Симоне го вклучи ТВ приемникот, CNN беше каналот кој што редовно го гледаше. Во долниот дел од екранот забележа, со големи бели букви на црвена позадина беше запишано ”Пожар во Нуклеарната Централа Хојум во Иран”. Ударните вести кажуваа сосема друга приказна, но тој смешкајќи се, го притисна црвеното копче на далечинскиот управувач и излезе од работната просторија.

Прочитано 1276 пати Последен пат изменето на Четврток, 25 Април 2013 14:03
Hristijan Despotovski

Господинот Христијан Деспотовски, дипломиран на политички науки на правниот факултет Јустинијан Први – Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Потоа запиша магистерски студии на Економскиот Факултет при истиот Универзитет, насока Монетарна економија, финансии и банкарство, а моментално работи и на подготовка на својата магистерска теза. Дел од Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија стана по последното Генерално Собрание на организацијата во Јануари 2012, од кога и постојано го дава својот допринос во голем дел од активностите на Евроатлантскиот Совет и ја искажува својата заинтересираност на теми од областа на безбедноста и одбраната.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3015

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3830

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2636

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3008

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2572

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2082

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5436

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1813

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3028

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2566

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…