Поддржано од:    
                                                                                  
Петок, 12 Април 2013 15:39

Тероризам - надворешно политичка алатка за спроведување на волјата на принудувачот

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(8 гласови)

Тероризмот во поширока смисла е напад на животот и телото на поединци, или помали групи, со цел да се постигнат политички промени. Доколку целта на нападот е да се отстрани политичкиот одлучувач кој се смета исклучиво или првенствено одговорен за некој политички курс или стил, станува збор за политичко убиство.

Политичкото убиство може да се користи како надворешно политичка постапка и во таа смисла ценам за сходно истото да го образложам.

Причините за таков чин се наоѓаат во увереноста дека определена политичка личност има одлучувачко влијание на надворешно политичкото одлучување, па со неговото отстранување се сака да се запре определен надворешно политички правец, за да се влијае посредно, со тоа што би се предизвикала внатрешна криза во странска држава.

 

Владите кои сакаат да го отстранат непријатниот одлучувач во странска држава, ќе се поврзат со политички групи во таа држава кои веќе се наклонети кон такво нешто или групи кои би прифатиле да го извршат атентатот. Така вистинските инспиратори за терористичкиот чин можат долго да бидат скриени од очите на набљудувачите и историчарите.

Всушност, терористичкиот акт има тенденција посредно да предизвика значителни промени во политичкото и општествено-економското уредување. За истото да се оствари потребно е да постои страв и дезориентација кои доведуваат до недоверба кон власта и нејзината способност да се одржи.

Субјектите на меѓународните односи, државите и меѓународните јавни организации, можат да ги инспирираат терористичките акти, да ги поддржуваат и помагаат нивните извршители од две основни причини.

Едната е, со цел да ги искористи терористите за да воведе хаос и безредие во државата чија моќ се сака да се намали, или чија влада се сака да се собори. Овде особено се прават претходни напори да се најде терористичка група одвнатре која е заинтересирана да ја реализира оваа постапка. Доколку таква не постои, а странската држава сеуште сака да ја оствари својата намера, тогаш постои можност да се испратат терористи од надвор, а по реализацијата на актот на тероризам се прави напор трагата да се сокрие и да се изнајдат аргументи дека зад атентатот повторно стојат некои внатрешни нерегуларни сили во државата жртва.

Вториот начин на користење на терористичкиот акт во меѓународните односи е од понов датум и повеќе се врзува за недржавните субјекти на меѓународните односи. Со него се сака една внатрешна, посебна цел да се постигне со загрозување на едно општо добро. Типично за овој вид на терористички акции се киднапирањата на авиони, чии патници се задржуваат како заложници се додека на киднаперите не им се исполни некое од нивните барања или пак исполнување на сите нивни барања кумулативно, таква е на пример заложничката криза на аеродромот Ентебе во Уганда во 1976 г. во која израелски заложници во авион на Air France беа киднапирани од страна на терористичка организација, понатаму следат терористичките напади во САД од 11 септември 2001 г. кои беа извршени со киднапирање на патнички авиони од страна на Ал Каеда, врз основа на доказите до кои дојдоа САД и Велика Британија.

За оние терористички акти чиј што меѓународен карактер е очигледен (а не прикриван позади наводната внатрешна борба) веќе се етаблирал терминот меѓународен тероризам. Бидејќи актерите на таквите акции се сметаат за загрозувачи на општите интереси во име на посебните интереси тие се прогонуваат и казнуваат со заеднички напори на целокупната меѓународна заедница.

Тероризмот со меѓународно значење своите зачетоци ги има уште во далечната 1930 година, кога беше извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација.  Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава. Неговата деструктивна моќ подеднакво ја чувствува целокупната меѓународна заедница што значи дека е неопходно да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика. Со меѓународниот тероризам исто така се кршат сите конвенции за заштита на човековите права и слободи во национални и меѓународни рамки, со што во голема мера се загрозува индивидуалната безбедност на невини лица кои се почесто стануваат жртви на ова современо зло.

            Денес во светот постојат преку 3000 терористички организации со вкупно 200.000 терористи. За големината и јачината на терористичките организации илустративно говорат извршените 73.785 терористички напади во периодот од 1970 до 1997 година. Во деценијата по 11-септемвриските напади врз САД најмалку 35.000 лица низ целиот свет се осудени како терористи. Имајќи ги во предвид овие факти борбата против тероризмот доби приоритет не само од европска перспектива туку и од меѓународната заедница. Порастот на исламскиот и етничко-сепаратистичкиот тероризам ги натера земјите да ги зголемат напорите како би можеле ефикасно да се соочат со проблемите што ги предизвикува овој феномен па така тие напори резултираа со склучување на билатерални и мултилатерални договори помеѓу заинтересираните земји со кои се преземаат мерки за спречување на ширењето на терористичките активности. Очигледна е и постојаната намера за воспоставување блиска соработка меѓу тајните служби поради размена на разузнавачки информации. Сметам дека таквата соработка треба да се одвива низ следните чекори:

  • редовна размена на информации меѓу стручњаците за борба против глобалниот тероризам
  • донесување на заеднички антитерористички закони и прописи со цел постoење единствен пристап во борбата против глобалниот тероризам
  • формирање база на податоци
  • едукација на јавноста за да ја сфати заканата што ја има тероризмот врз демократските процеси

За да се реализираат сите овие нивоа на соработка потребно е постоење на:

  • независност на судството
  • транспарентност на владините акти
  • соработка меѓу различни национални агенции чие поле на работа претставува борбата против тероризмот
  • соодветна и на високо ниво обука на сите оние кои се директно вклучени во борбата против глобалниот тероризам поради фактот што терористите при извршувањето на нападите се повеќе употребуваат софистицирани и специјализирани техники

На пример во претходните години организаторите на терористичките групи употребуваа „чисти пари” кога тие претходно беа испрани низ легални и квази-легални активности како што се невладини организации, хуманитарни организации итн.

Меѓународната и регионалната соработка исто така игра важна улога во креирање на стратегија за борба против тероризмот од причина што ниту една држава не може самостојно да се справи со терористичките активности. Ќе наведам неколку примери на таква успешна соработка:

  • Совет на Министрите за Одбрана во Југо-Источна Европа (SEDM)

Проект за „Борба против тероризмот, спречување на пролиферацијата на оружјето за масовно уништување и гранична безбедност” – инициран од Романскиот претседавач на Комитетот за соработка на SEDM во Анталија, Турција, на 20.12.2001 година.

  • Иницијатива за соработка во Југоисточна Европа (SECI)

целта на оваа соработка е поттикнување на истраги, споделување на искуства, преземање заеднички операции, постојано анализирање на ситуацијата.

SECI Центарот поседува Анти-терористички сили кои им помагаат на земјите членки во борбата против тероризмот.

  • Декларација за придонес на земјите од Југоисточна Европа во меѓународната борба против тероризмотпотпишана од владите на Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Романија, Турција и Србија и Црна Гора во Букурешт, Романија, на 26.10.2001 година.
    • Акционен план за регионална и економска соработкаусвоен на Самитот во Скопје во кој што е наведено дека шефовите на државите и владите се обврзуваат за преземање на сеопфатни и одговорни мерки за спречување на корупцијата, организираниот криминал, елиминирање на тероризмот, незаконското поседување оружје и трговијата со луѓе.

Покрај ова важна е и соработката во рамките на НАТО и ЕУ поради желбата на овие земји за евро-атланска интеграција.

Заклучните согледувања ме упатуваат на ставот дека борбата против тероризмот бара проактивно мислење кое вклучува соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, блиска соработка помеѓу релевантните политички одлучувачки фактори, институциите на законодавната и извршната власт која треба да доведе до изготвување и имплементација на успешна стратегија. Од друга страна потребна е и специјализација на персоналот и обука на оние кои се инволвирани во борбата против глобалниот тероризам, поделба на ресурсите и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка.

Прочитано 1902 пати Последен пат изменето на Петок, 12 Април 2013 15:42
Милорад

Милорад Петрески e магистрант по меѓународно јавно право и меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Скопје.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2890

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3675

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2441

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2849

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2416

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2015

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5235

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1668

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2907

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2434

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…