Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 12:45

Приоритети за нас

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

Патувајќи кон конфренцијата во Осло, Норвешка во себе размислувам за приоритетите кои треба да ги поставиме, за мене, за ЈАТА  и ЕАСМ.

Во време кога Македонија се стреми кон НАТО и ЕУ, а попречена од еден огромен политички проблем со јужниот сосед, наоѓаме силен предизвик за работа на евро интеграциската идеја, евро интеграцискиот пат.

Неодамнешната НАТО недела, насловена како “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” несомнено имаше огромен успех. Неколку мерила може да се користат за да се докаже и нејзиниот квалитет, учесници, посетеност, известувања по медиумите, посетеноста на социјалните мрежи, текстовите на партнерите кои следуваат по настанот, новините воведени во работата на ЕАСМ кои несомнено ги променија работите засекогаш.

Говорниците, од вице премиер, па министри, па државни секретари, универзитетски професори, бизнисмени, експерти за меѓународно хуманитарно право, потоа учесниците – претставници од медиумите, странските дипломатски претставништва, студенти, професори итн итн. Посетеноста на нашите информативни средства достигна новите моменти, читаноста на вестите кои ги пренесуваат медиумите исто така, пофалните зборови од партнерите во нивните извештаи само придонесуваат за зголемување на мотивот.

Успехот на оваа недела можеби изненади многумина, но нас не – ние знаевме за квалитетот на проектот! Мене ме изненади нешто друго, желбата на сите вклучени во проектот да зборуваат на овие теми, желбата да работат на овие теми. Ме изненади и медиумската покриеност – имавме две најчтинани вести на time.mk во два различни дена, најпосетуваниот сајт во Македонија! И тука е трикот, најпренесувани и најчитани но изјавите на министрите и вицепремиерот – извадени од контекст, лошо пренесени, пренесено само тоа што ја интересира пошироката јавност и коешто носи читаност, а не вистинскиот квалитет на настанот.

Минатата 2012 година бевме концентрирани на проекти кои се за способностите и капацитетите на државата и регионот, проекти кои покажаа дека има многу многу што да се работи за да ги достигнеме квалитетите на НАТО.

И сега прашањето, што е приоритетот т.е. кои се приоритетите за нас? Обновување на атлантската идеја и основните работи или работа на капацитетите и способностите на институциите или пак некој трет правец?

Како секоја сериозна организација така и ЕАСМ изготвува годишна програма за својата работа, каде што се вклучени сите проекти кои се планирани за периодот кој доаѓа. Програма која вклучува многу партнерска и регионална работа, работа за капацитетите и способностите и работа за освежување на атлантскиот дух преку проекти за млади. Чувствувам дека сме погодиле! Мое мислење е дека сме на правиот пат и дека не очекува уште многу работа, а првичните резултати се подобри од очекуваните и многу охрабрувачки.

Доста од приоритетите за нас, во вториот дел од овој текст сакам да пишувам малку за првиот приоритет за одбраната и митот “сите критериуми за НАТО се исполнети” - мит кој мене лично ми смета и тоа многу. Република Македонија ги исполнува критериумите за влез во НАТО, но е многу далеку од сите критериуми коишто ги бара НАТО! Почетен доказ за тоа е 14тиот МАП коишто го имплементира Република Македонија. Многу е сработено за да се стигне до тука, факт кој никој неможе да го спори и факт кој е препознаен и во НАТО. Да сме реални, уште многу не чека и мора со жестината која постоела претходно да се работи на сето тоа. На крај, се што правиме си правиме за нас и наше добро, а не да му угодиме на некој или за некој да не оценува.

Во последниот извештај на генералниот секретар на НАТО, јасно стои дека дојде крајната граница на штедење во одбраната и дека под ова не може и не смее! Напротив, сега следува период кадешто треба да се надополни се она што е пропуштено, се она што беше отстрането во корист на некои многу попотребни трошоци во време на криза. На ова барање не треба да се биде реактивен, напротив треба активно да се работи и тој тренд да се наметне кај останатите во евро атлантската фамилија. Стандардот од 2,2, % БДП инвестиции во одбраната мора да се достигне што побрзо. Првиот круцијален приоритет!

Зошто, според мене ова е прв приоритет? Зошто брзо и силно ќе не врати во текот и имплентацијата на сите НАТО стандарди во одбраната, како долготрајна инвестиција ќе ја зголеми интероперабилноста на нашите сили и како трето, ќе ја заштити најголемата државна инвестиција – мировните мисии во странство под капата на НАТО, ЕУ и ОН. Република Македонија  е докажан извозник на мирот и со трупи кои имаат висок квалитет од 2002 година па наваму и не може и не смее да си дозволи нејзините трупи да ги извршуваат своите мисии неподготвени и со недостатот од најсовремена опрема.

Прочитано 1403 пати Последен пат изменето на Четврток, 11 Април 2013 12:50
Jordan

Јордан Тасев e дипломиран дефендолог на Филозофскиот Факултет во Скопје, Институт за безбедност, одбрана и мир. Избран e за генерален секретар на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во јануари 2012 годинa.

Вебсајт www.atamacedonia.org.mk/

Последно од Jordan

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3671

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 4427

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 3452

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3551

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 3229

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2558

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5987

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 2433

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3449

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 3012

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…