Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 12:35

Интеграција на Република Македонија во НАТО и новите безбедносни предизвици - втора награда

Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

Најпрво, верувам во идејата дека од сите есеи ќе се создадат многу конструктивни мислења, дебати и полемики од страна на нас студентите, па токму и поради тоа би сакала да Ви ја изразам мојата благодарност на поканата за учество од институции како што се Министерството за одбрана, Воената академија, и Евроатланскиот Совет на Македонија кои веќе години се пример за почит и интерактивна соработка со нас младите, би потенцирала особено на оние кои своите интелектуални способности, вештини и знаења можат да ги изнесат пред една јавност и притоа истите да ги реализираат во форма на есеј.

Моето име е Зафирова Сандра и сум студент во трета година при Југоисточно Европскиот Универзитет во Скопје на факултетот по Јавна Администрација и Политички Науки и токму поради оваа причина , сметам дека е од примарно значење вашето интересирање за потенцијалните млади сили на оваа држава кои еден ден, ќе треба да се залагаат за остварување на предизвици од типот на оние со кои моментално се соочуваме а, тоа е интеграцијата на Р.М. во НАТО и новите безбедносни предизвици.

Фактите и аргументите преку кои јас ја анализирам конкретната состојба на Република Македонија и НАТО, се нормално поддржани со одредени принципи кои самото тело ги дава како услови кои секоја земја кандидат треба да ги исполни за да се интегрира во процесот, но постои една голема диферентност во поглед на тоа што очекува Република Македонија а за што се залага НАТО. Фундаменталните и долготрајни цели на НАТО се зачувувањето на слободата и безбедноста на сите држави членки од политички и воен аспект така што останатите кои имаат аспирации за членство и оние кои веќе се имплементирани во НАТО процесот треба да споделуваат одредени вредности а тоа би биле: демократија, слобода, солидарност, владеење на правото, индивидуална либералност, мир и стабилност и заедничко наследство. Покрај ова НАТО е во положба на водич кога станува збор за кризни менаџмент операции и заштита на цивилното население како што веќе ни е добро позната положбата со Авганистан, Косово, Ирак, Африканската Унија, Медитеранот и Балканот.

Мое лично мислење стекнато низ сите овие години како што активно го следам прогресот на Р.М. на економско-политички план, би било дека нашата држава ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата и ги спроведе потребните реформи а, тоа веќе беше истакнато во декларацијата од Самитот во Букурешт како признание на нашата посветеност кон вредностите и оперативните активности и напредокот во реформскиот процес. По трагичниот настан од 11 септември 2001 година овој народ стана свесен за тоа каква сериозна закана претставува меѓународниот тероризам за мирот и демократијата во светот и затоа сметам дека е од последично значење да се продолжат врските и преговорите со НАТО Алијансата со цел нашата визија да биде остварена.

Новите безбедносни предизвици во поглед на интегрирањето на Р.М. во НАТО Алијансата играат голема улога со внатрешната политика во рамките на овие територијални граници, која за жал во последниве неколку месеци не оди во нагорна линија во смисла на меѓу-етничките заедници и групи а со тоа и се зголемува опасноста од идни конфликти кои би донеле драстични последици врз Македонските државјани како и со улогата на меѓународните односи и надворешната дипломатија.

Тука се појавува потребата од НАТО која во таков случај нема да ни биде загарантирана бидејќи сепак тоа е проблем кој самата држава треба да го реши на што по безболен начин со цел да се поседува мирот и стабилноста на Македонската држава, а притоа да се обезбедат фундаменталните права и слободи на секој граѓанин без разлика на пол, вера, национална припадност, боја на кожа или религија.

Сметам дека од исклучителна важност е ова прашање во поглед на предизвиците за нашето членство пред се бидејќи заштитата од самоуништување и тероризам е примарна цел на нација која е мултиетнички организирана.

Решение секогаш ќе постои како и компромис а седниците, дебатите, дипломатијата, и односите помеѓу државните претставници ќе бидат на највисоко можно зачестено ниво, медијатор би бил потребен доколку ситуацијата стане се по конфузна и доколку политичарите дојдат во безизлезен судир.

На крајот на краиштата дури и со промена на владата и поставување на други политички елити сепак треба да се разбере дека стремежот е еден и единствен во поглед на членство.Мораме да имаме во предвид дека Р.М. е мултикултурна држава која е регулирана од страна на утврдени правни норми и закони предвидени во Уставот кои се однесуваат на сите граѓани па затоа на нас ни е од исклучителна важност да се чуствуваме заштитени и безбедни од едно колективно тело како што е НАТО организацијата која ветува стабилна околина преку стимулативни консултации и промовирање на дијалози и кооперативност.

Мое мислење е дека оправданието не треба да се бара константно во проблемот со името и Македонското прашање, туку напротив во однесувањето и менталитетот на овој народ кој треба да се гледа првенствено себеси за потоа да бара вина во нешто друго. Сметам дека секој човек на овој свет е роден со некаква мисија која треба да ја отствари во текот на неговиот живот и треба максимално да се посвети на истата за која е предореден и талентиран. Мисијата на НАТО е јасно утврдена од самото негово оформување, но за да добиеме негова сигурност и безбедност треба најпрвин да ја пронајдеме во самите себе со тоа што злоупотребувањето на моќ од страна на политичките партии ќе биде исклучено од терминот ‘владеење’ со цел подобра надворешна политика, која очајно и е потребна на овој народ.

За неакадемскиот граѓанин надворешната политика и преговорите со НАТО се неконтраверзни аспекти од светот на политиката иако општо речено далечни и недостапни. Поголемиот дел од луѓето во повеќето држави не би имале проблем со прифаќање на фактот дека надворешната политика постои и дека се однесува на она што една држава го прави на или со другите држави, или внатре во својата сопствена држава. Сепак многу професионалци се сомневаат во оваа конвенционална мудрост.Се постави прашање за самата поделба меѓу дома и странство,домашно и туѓо,внатре и надвор од различни гледишта-концептуални и политички.

Треба да се превземат мерки околу промена на ваквиот став на населението најпрвин бидејќи секојдневно се соочувам со луѓе кои НАТО го поистоветуваат како предизвик во смисла на поседување на некаква моќ кој некој од страна ни ја дава, но тоа е страшна заблуда.

Дозволете да Ви објаснам зошто сметам дека ова е заблуда која носи само штета а никаква придобивка.

Практичар кој бара начин да делува во име на својата земја се соочува со три димензии на моќ: моќ како трајна цел, моќ како курс или средство и моќ како контекст или структура. Постои тенка линија помеѓу моќта како вредност сама по себе и моќта како средство за постигнување цел и тоа е бидејќи моќта е тесно поврзана со желбата за принудување и доминација. Моето прашање е: Колкава моќ е доволна во рамки на колективна сила каква што е НАТО Алијансата во поглед на нашава држава?

Одговорот треба да се остави на времето и иднината но тука би го цитирала Генералниот Секретар на НАТО – Андерс Фог Расмусен кој вели:

‘Несомнено живееме во време на моментални промени, во свет којшто се повеќе е непредвидлив, сложен и поврзан. Но јас не се согласувам со визијата за безнадежност и пропаст. Ние сме посилни и побезбедни кога работиме заедно и токму затоа НАТО останува незаменлива и нужна Алијанса. Бидејќи во дваесет и првиот век ние сме сите поврзани, без разлика дали сакаме или не. Нашата позитивна врска и непрекината вклученост со партнерите се лекот за песимизмот. Причина за оптимизам и клуч за безбедноста која што сите ја бараме.’

Го цитирав ова бидејќи верувам во оптимизам, верувам во надвладување на доброто врз злото, верувам во историјата и богатствата кои ги носи оваа земја, верувам до способностите на овој народ кој треба да се искористат, верувам во нови предизвици како што верувам и во желбата за подобро утро на овој народ. Како сумирање на сево ова јас како млада студентка која пред се верува во добрината на овој народ кој живее на една така мала територија а сепак историски богата би дала еден заклучок кој би гласел:

Да се зборува за иднина и за што би можело да се случи од денес па натаму, не само што е мистериозно и непредвидено туку и доста искушително но во едно сум сигурна. Доколку овој народ ја разбере вредноста на сопствениот идентитет, доколку младите генерации постојано се во тек со настаните во светот и постојано се надградуваат со знаење и образование, доколку се повеќе се раѓаат луѓе мисионери кои навистина ќе се борат и залагаат за ова парче земја наместо вредностите и сопствениот карактер да го бараат во странство, доколку не се огледуваме и споредуваме со туѓите идеали наместо да гледаме за нашите јас сум уверена во тоа дека НАТО ке биде на наш дофат а светот ке ја запознае оваа држава на која сум непроценливо горда во она светло кое го заслужува само доколку постојат луѓе кои почитуваат туѓ труд,се радуваат на нечија среќа и даваат можност на тие на кои им е најпотребна и на оние кои не запреле никогаш со континуирана инвестиција во сами себе.

Велат дека тоа што не не убива не прави посилни. Јас би рекла тоа што не не убива, ни остава лузна која ќе не потсетува секој ден, колку далеку сме стигнале во животот и сево ова само заради стремежот кон подобро.

Ви благодарам на вашето внимание и посветено време.

Есеј на Зафирова Сандра, студент по Јавна Администрација и Политички Науки при Универзитетот на Југоисточна Европа (добитник на втора награда за конкурсот за есеј 2012та година)
 
Прочитано 1494 пати Последен пат изменето на Четврток, 11 Април 2013 12:41
Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3519

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 4295

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 3255

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3411

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 3071

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2460

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5866

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 2296

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3357

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2915

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…