Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 11:51

Ирска Републиканска Армија - 1 дел

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

Во секое општество, опстојуваат и наѕираат разни идеи и вредности кои се разликуваат меѓусебно, и кои не ретко се поставени во видна спротивставеност. Заедно, сведени на едни место, формираат една апстрактна идеологија, која “бара” да биде спроведена во пракса и да се трансфоримира, од нешто невозможно во реалност. Движечката сила која го потпомага овој процес е токму политичката партија.

Политичките партии со агрегација на сопствените интереси во политичките платформи, им оставаат на граѓаните можност самите да се определат по кој од понудените патеки ќе тргнат - го бираат  начинот на кој ќе бидат владеани. Насоката во креирањето на политичките активности во политичкиот, или во поширокиот, општествен систем бара директна контрола во работењето и во дејствувањето на системските институции. Ваквата есенцијално значајна контрола ја превземаат политичките партии преку својата примарна цел – фузионирање во власта и непосредно влијание врз неа.

Многу ретко во светот се среќаваат држави каде што не постои ниту една форма на политичко организирање. Тоа е случај во малите традиционални општества, кои се водени од доминантни фамилии и во државите каде партиите се забранети или се водени од авторитарни водачи со милитантни структури.

Покрај овие, постојат и партии кои настојуваат да освојат место во Парламентот за да ја остварат својата цел, односно само за да го дестабилизираат политичкиот систем и да ја доведат државата во својство на распаѓање. Постојат и такви кои се формираат само за забава или исмејување на политиката како активност. Организациите чијашто задача и цел на формирање е да го продолжат животот на актуелниот режим или насилно да го променат, може да имаат и свои т.н. “политички крила” кои се признаени како политички партии. Така, многу е тешко да ги разграничиме политичкото и военото крило на една политичка организација, како што се на пр. Ирските Шин Фејн и Ирската Републиканска Армија. Ирската Републиканска Армија револуционерна воена организација на Ирските волонтери, која е создадена на 25.ноември.1913г, и која во април 1916 г. го започнале Велигденското востание ( Easter Rising ). Ирските волонтери ги препознал прв, Dail Eireann кои ги прифатил како легитимна војска на подоцна прогласената Ирска Република на Велигден 1916г. Тогаш, ИРА водела герилска кампања против британските власти во Ирска за време на Ирското востание за независност од 1919 до 1921г.

Идејата за вооружена борба против англискиот окупат имала долгогодишна историја, уште од Обединетите Ирци и нивните побуни од 1798 до 1803 година, буната на Младите Ирци 1848 и побуните на Ирските братства 1867 г. Сите методи со кои се служела ИРА биле инспирирани од традицијата на милитантните селански друштва, кои ја промовирале идејата за слободна Ирска.

Политичкото насилство кое постоело во Ирска помеѓу 1916 година и 1923 година ги гледа своите корени во барањаа на Ирските националисти во барањата за своја сопствена Влада и поголема автономија. Во истиот момент, кога Британија започнала да ги остварува овие барања, во Ирска започнуваат да се создаваат унионистички и националистички вооружени паравоени формации како што се Волтеровите сили на Алистер и Ирските волонтери. Со префрлањето на некои од своите овластувања од Британската Влада на Ирската Влада, со цел да се добие поголема автономија внатре во Велика Британија и Ирска, доаѓа до внатрешни превирања и несогласувања меѓу гореспоменатите паравоени формации, што доведува дури и до граѓанска војна.

Меѓутоа, поради првата светска војна дошло до одлагање на граѓанската војна, иако тоа не ги спречува големите внатрешни превирања. Имено сто илјади волонтери под водство на Ирската Парламентарна Партија и нејзиниот лидер Џон Редмонд, биле спремни да ги прифатат Британските ветувања и да се приклучат кон Британската војска, и од нив дваесет илјади се приклучиле; додека од друга страна дванаесет илјади волонтери, предводени од Еион Мекнел, и под влијание на Ирското Републиканско Братство, одбиле да се приклучат кон Британската војска и го задржале својот назив Ирски волонтери. Притоа, започнале со организирање на Велигденското востание, кое започнува на 24 април 196 година. Велигденското востание се развива полека, најпрвин се завзема поштенската зграда во Даблин. Иако после некое време ова било голем ден за ирските националисти, тогаш, оваа побуна наишла на огромна критика од преку двестеилјадната војска што служела на британската страна за време на војната. Јавноста, главно ги окривувала побуниците и остро реагирала барајки дури и нивно погубување. Во наредните две години јавното мислење се менува драстично. И тоа, не било како, туку, британската војска започнува да ги погубува постарите лидери, како што е Џејмс Коноли, кој бил престар дури и да стои. Во 1917 и 1918 г. уште повеќе луѓе застанале на страната на востаниците, поради бесрамното искористување на ирската војска исклучиво за свои цели, од страна на Велика Британија. Во тоа време, обвинета била малата националистичка партија Шин Фејн, дека го огранизирала Велигденското востание. За да парадоксот биде поголем, нејзиниот лидер Артур Грифит, ја поддржувал идејата за настанување на Ирска Влада, но внатре во “двојната монархија”. Подоцна, преживеаните од Велигденското востание, го завземале Шин Фејн во 1917г. и си задале за цел “осамостојување на Ирската република”. Во 1918г. Шин Фејн ги добил генералните избори, и тогаш тие се повлекле од Британскиот парламент и прогласиле Ирска Република, со своја легитимна Влада и Парламент. Во оваа состојба, Ирските волонтери, се реорганизирани како војска на Ирската Република, и започнуваат да го носат називот Ирска Револуционерна Армија.

To be continued...

Прочитано 1445 пати Последен пат изменето на Четврток, 11 Април 2013 12:23
Ilija

Ќироски Илија, дипломираше на отсекот за политички науки на Правниот факултет Јустинјан Први во Скопје. Потоа продолжи на магистерските студии на Економскиот факултет во Скопје на отсекот за Монетарна економија, финансии и банкарство, и моментално работи на изготвување на својата магистерска теза од областа на јавните финансии. Тој беше избран како член на Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во Јануари 2012, и оттогаш активно учествува во професионалниот и функционалниот развој на организацијата.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3671

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 4427

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 3452

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3551

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 3229

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2558

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5987

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 2432

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3449

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 3012

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…