Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 11:50

Дали Женевските конвенции излегоа од мода?

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Пред неколку години, како магистрантка по меѓународно право и меѓународни односи, за прв пат се сретнав со идејата за меѓународното хуманитарно право. Да бидам сосема искрена, на прв поглед бев малку недоверлива кон потребата од изучување на материја која започнува со дефинициите на Клаузевиц. Женевски конвенции од пред половина век, Хашко право од пред цел век.  За студенти, не делува  многу забавно, а ниту практично на прв поглед. Но само на прв поглед.

Кратко после ваквите мои размислувања, се случи Арапската пролет. Се случи Либија. Сеуште се случува Сирија. Се случуваат и Ирак и Авганистан, како доказ дека безбедноста сама по себе не е дестинација туку , патување.

 

Па така, дилемите околу апликабилноста на меѓународното право за вооружени конфликти (кое во себе ги опфаќа и „хашкото право“ посветно подиректно на војувањето, и „женевското“ кое има за цел да ги заштити сите оние кои не учествуваат директно во непријателствата) се повеќе започнаа да испливуваат на површината а дебатата да се интензивира.

Иницијална каписла за сето ова секако беше отпочнувањето на „Глобалната војна против тероризмот“. Првото прашање кое беше отворено тогаш беше секако дефинирањето на самиот акт на војна, бидејќи не се случи кинетичко придвижување на сили во класична смисла на зборот. Второ, проблемот на пропорционалноста на  самоодбраната во случај на напад кој е асиметричен. Трето и најважно прашање кое се отвори беше статусот на задржаните и заробени лица припадници на Ал Каеда и афилираните организации.

Тоа беа времиња во кои Женевските конвенции беа извадени од полиците со книги, исчистени од прашината и станаа материјал за сериозни дебати. Согласно Женевските конвенции, лицата кои учествуваат во подготвување на терористички активности тешко дека можат да се сместат во категоријата на борци. Ако доследно се толкува духот на конвенциите, овие лица може да се третираат како борци единствено во оние случаи кога директно и отворено учествуваат во непријатлествата, но за жал многу често, во тој момент е веќе предоцна од аспект на безбедносните сили.

Како и да е, и колку недостатоци и да имаат  Женевските конвенции, истите се веќе повеќе или помалку  издигнати на степен на обичајно право. Можеби токму зато што не се совршени, добиле толку силна поддршка од  државите потписнички, би рекле циниците. Тоа е веројатно делумно и точно. Но факт е дека, ако се отворат на ревидирање, тој процес веројатно никогаш нема да биде завршен. А искрените правници ќе кажат дека без оглед колку несовршени или старомодни изгледаат истите, искрената намера да се заштитат недолжните, или да се спасат што повеќе  животи, што беше првичната идеја на Анри Динан, останува непроменета во секој конфликт.

Затоа, она до што многу тешко се стигнало, не би требало да биде преиспитувано, туку само надополнето. Потребни се експертски средби и дискусии во широк состав кои ќе вклучуваат и владини агенти, и активисти, и претставници на сите структури од движењето на Црвениот Крст, но и на безбедносните сили, кои ќе ги рагледуваат и појаснуваат оние делови на Конвенциите кои се недоволно јасни или кои подлежат на сериозен техничко-технолошки и општествен развој, и ќе изготват дополнителни документи, без  оглед во кој правен формат.

Само така ќе се кристализираат нови правни норми без да се направи „прекин“ во  правната заштита на лицата кои се зафатени од ужасите на  вооружените конфликти.

НАТО сериозно би требало  да се вклучи и да охрабри една таква дебата со оглед на фактот дека се работи за воено политички сојуз. Употребата на сила на тактичко ниво можеби е политичка одлука, но од употребата на сила на оперативно ниво зависат не само човечки животи, туку и легитимитетот на операциите и Алијансата.

Прочитано 1503 пати
Весна

Весна Попоска дипломираше право на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. На истиот факултет магистрираше на катедрата за меѓународно право и меѓународни односи, со завшна дисертација „Заштита на правото на живот при употреба на сила против современите закани од тероризмот“ . Алумни е на Школата за политика на Советот на Европа и Претседателската академија за млади лидери. Дел од Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија стана по последното Генерално Собрание на организацијата во Јануари 2012.

Последно од Весна

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2949

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3750

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2548

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2935

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2478

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2046

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5339

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1726

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2952

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2483

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…