Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 11:48

Неколку важни напомени за една позитивна врска

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Иако можеби односот помеѓу Македонија и НАТО е екстензивно дискутиран во нашето литературно поднебје, сепак убаво би било доколку во отварањето на овој голем и значаен простор за сите нас млади истражувачи, накратко да напоменеме неколку општи основи на односот помеѓу НАТО и Македонија.

Имено, преку своите партнерски програми, од почетокот на деведестите години, НАТО не се обиде да наметнува туку да интегрира. Подаде рака за приклучување на поранешните идеолошки противници и гарантираше рамноправен третман со старите земјите членки.

Ваквата слика зрачеше позитивна енергија во политичкита и јавната свест во источните и југоисточните држави која допринесе силна поддршка во насочувањето на иднината во правец кон членство во НАТО. Увидувањето на предностите од членството во НАТО овозможи започнување на процес на спроведување на реформите кое тоа ги побарува, а кои покрај реформи во безбедносниот сектор, подразбираат и реформи на другите суштински важни подрачја што овозможуваат стабилна и успешна држава. НАТО иако безбедносен колектив, прв допринесе кон ширење на евроатлантските, но и универзални вредности и овозможи услови за потоа тоа да го надополноат останатите регионални и континентални иницијативи и организации како ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа. Едноставно, НАТО го скрши мразот.

Вклучувањето на Македонија во текот на настаните кои придонесоа до оваа радикална трансформација беше природно и неизбежно. Македонија, набргу по своето осамостојување ја утврди својата насока и потребата од соработка. Со Резолуцијата на Собранието на РМ, во 1993 година, и вклучувањето во Партнерството за мир во ноември, 1995 година[1] се официјализира изборот на Македонија од аспект на безбедносна соработка во прв план, но и комплетно од политички аспект. Преку оваа иницијатива НАТО и Македонија јасно обзнанија дека се потребни еден на друг. Но како што рековме, соработката не означува однос посилен наспроти послаб, ниту пак очекува милосрдие. Македонија, тоа мораше да го разбере и со таков став свесно да пристапи кон градењето на заедничката соработка со НАТО. Новата земја на Балканот мораше да постапува според појдовната точка дека соработката се остварува во двоен интерес и без допринес не може многу да очекува. Постојаната енергија за спроведување на очекуваните реформи и јавната поддршка за нивно реализирање, ја имплементираа логиката на соработка во Македонија и покрај лимитираните ресурси и неповолните околности. Овој процес на постојано реформирање не се запре само на внатрешните системски реформи. Македонија ја реформираше и својата перцепција за типот на заканите по нејзината безбедност, но и безбедноста на земјите партнери од НАТО. Иако мала држава која се уште не е полноправна членка, Македонија ја операционализираше определбата за поддршка на НАТО при што во 1999 ја отстапи својата територија за операцијата Сојузничка сила. Активниот допринес на Македонија кон НАТО е во најголема мера засилен со решението за учество во ИСАФ во Авганистан. Оваа земја да стане извозник наместо увозник на безбедност беше целта која Македонија и НАТО успеаа да ја постигнат и долгорочно гледано тоа е најголемата придобивка од соработката. Во ниеден случај не смее да се смета дека соработката помеѓу НАТО и Македонија треба да претставува заложник на тоа што Македонија формално не е членка на Алијансата. Одговорностите кои секојдневно се споделуваат, нивното значење како и заедничката придобивка од нивното спроведување се и треба во иднина да претставуваат основен мотив за делување кој не смее да биде опструиран од ниеден процес. Водејќи се од овој заклучок НАТО и Македонија, перманенто од 1995, па се до денес ја унапредуваат својата соработка.

НАТО и Македонија заедно се трансформираат. НАТО успешно ја следи динамиката на современите закани и ја разбира потребата за постојано реформирање. Со утврдувањето на Стратешкиот концепт од 2010 беа укажани видувањата на НАТО во која насока ќе се движи во наредните години. Асиметричните закани добија уште позначајно внимание и потребата од проактивна улога на земјите - членки беше истакната како никогаш досега.


[1] Нано Ружин, НАТО во современите меѓународни односи. Скопје: Фондација Фридрих Еберт, 2010

Прочитано 1233 пати
Marko Pankovski

Марко Панковски дипломираше на Институтот за Безбедност, одбрана и мир при Университетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дополнително, тој е член на Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2949

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3750

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2548

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2935

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2478

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2045

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5339

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1726

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2951

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2483

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…