Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 11:46

Мое мислење – ЕАСМ Vol.1

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

Секогаш почетокот е најтежок. Незнам искрено за што точно да го пишувам моето прво мислење, не затоа што немам тема, туку затоа што незнам за што попрво да се пишува. Овој текст го пишувам на денот на изборите и тоа е ќе биде инспирација да пишам за нешто многу поубаво од нив и целата тензија што ја носат, ќе си пишувам за мојот пат во Евро – Атлантскиот Совет на Македонија. Бидејќи тука се градам, научив и како треба и како не треба, запознав многу брилијантни луѓе и планирам уште долго да придонесувам за мисијата на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.

 

Започнав ноември 2007 година, заедно со почетокот на студирањето (леле 6 години станале), ги видов првпат во живо некои луѓе што се појавуваат во јавноста, интересни проекти и најголем дел од нив нејасни за мене. Но, она што ме привлече и остави за секогаш е панелот во Дом на АРМ, докторката која зборуваше за двете ротации во Авганистан, нејзините лични и професионални искуства и емотивниот начин на кој ги пренесе. Знаев дека сум на вистинското место. Си се редеа настани, активности, нови материјали, дојде и Букурешт. Со него мислев дека дојде и крајот на мотивацијата и целта на функционирање за мене. По неколку месеци пак добив повик, од една за мене важна личност, некогаш мотиватор, некогаш причина да се мразам сам себе и се околу мене, ама најмногу од се, личност што ме научила многу работи. Не собра екипа од четворица да продолжиме каде што застанало, но според мене да стартуваме од нула. Следеа неколку настани ние четворица организатори, подготовка, достава на покани, материјали, протокол, фотографи, прекрасни искуства! Потоа дојде и најубавиот проект во Македонија за мене, НАТО Студентската Симулација. Уникатен настан, 70 студенти, Џузепе - еден од луѓето што ми е најдраго што ги запознав во животот и што го имам за пријател (ирелевантно е каква функција имал, има и ќе има, секогаш ќе си биде мој пријател, мотив, пример), и големиот интерес за ЕАСМ и неговата младина. Си одеа работите, четворката си е четворка (на секој по едно мислење ќе ви доделам). Следуваше следниот многу важен момент за мене, Њу Јорк. Четири месеци, работа и уживање и една порака која ме направи многу среќен. Пак истата личност, сега со уште помотивирачка работа – канцеларијата на ЕАСМ. Си дојдов со голем мотив да започнам, но излезе многу работи дека незнам и дека морам да ги научам. Сите можности за идеи и проекти пред мене, само треба да се учи и да се работи. Е сега, сега е клучниот момент и клучната личност што ја запознав. Ми помогна секој ден да се снајдам и за секоја работа и уште секоја ден во 10 и 30 се појавува со поздравот “каај си бе друже”. Дефинитивно ќе морам уште едно мое мислење да пишам!

Продолжија сите активности, само со уште поголем интензитет и уште повеќе идеи зошто сега имавме вистински мотор и мотиватор во другата канцеларија. За ова, во некоја друга прилика и од друг автор! Се редеја проекти и настани, годишно собрание на младината, посета во НАТО и SHAPE, UN1325, присуство на различни трибини, најголемата научна истражувачка работилница во Македонија под програмата на НАТО за наука, неколку семинари, па регионалното истражување за капацитетите на регионот за вклученоста во Пост ИСАФ и регионалната конференција за да ја заокружиме една од најуспешните години. Многу нови личности, многу нови искуства, убави моменти, висок крвен притисок се на се прекрасно искуство и мотив да се задржи нивото од минатата година.

Гледајќи дека го достигнав лимитот за големината на мислењето и читајќи што се сум напишал решив и да го променам насловот, од Евро  - Атлантски Совет на Македонија во ЕАСМ vol. 1. Уште неколку мислења ќе напишам на оваа тема, зошто сакам да ги опишам и ликовите кои се дел од ЕАСМ и убавите и лошите моменти и да се осигурам прво сам, а потоа и сите останати дека оваа идеја нема да запре!

Прочитано 1320 пати Последен пат изменето на Четврток, 11 Април 2013 11:49
Jordan

Јордан Тасев e дипломиран дефендолог на Филозофскиот Факултет во Скопје, Институт за безбедност, одбрана и мир. Избран e за генерален секретар на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во јануари 2012 годинa.

Вебсајт www.atamacedonia.org.mk/

Последно од Jordan

Поврзани вести

Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 3518

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 4294

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 3254

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 3410

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 3070

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 2460

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5865

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 2296

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 3357

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2915

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…