Поддржано од:    
                                                                                  
Четврток, 11 Април 2013 11:43

Поглед кон иднината! - 1дел

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(2 гласови)


Христијан ДеспотовскиВАШИНГТОН  24.03.2020 10:38 ET

Претседателот го заврши повикот.Тишината надвладеа во Овалната соба. По заканите од економска блокада, и дипломатскиот притисок заврши неуспешно. Дури и авторитетот на Американскиот Претседател Вилсон не помогна во разубедувањето на Иранскиот лидер да ја промени веќе донесената одлука да го постави човекот со прекар ”Полумесечина” на таква значајна позиција. Министер за одбрана во новата влада значеше одговорност каква што ”Полумесечина” не ја беше заслужил.Тој, со такво минато, со оглед на неговите добро познати изјави дека во моментот кога ќе добие значајна моќ ќе направи хаос во Светот, не беше човек на кој може да му се верува.

Закани за кои никогаш не се покаја ниту пак ги одрече. Поранешен воен разузнавач и искусен во воена стратегија и аналитика, а со такви изнесени ставови и планови беше и те каква закана за мирот во Светот. Меѓутоа Иранскиот водач му веруваше, можеби му должеше некаква постизборна услуга, или пак заедно беа вклучени во тој план од кој не се плашеше само Претседателот Вилсон. По јавното објавување на новиот кабинет на Владата на Иран од страна на победникот на изборите, загриженоста на сите членки на НАТО Алијансата ја премина црвената линија, тие беа посочувани од страна на ”Полумесечина” за главни виновници за состојбата во која се наоѓа неговиот народ. Западот беше противникот, оној  кој ја измени целата концепција на живот во арапскиот свет, расипниците од Западот го “труеа” целиот регион. Но ”Полумесечина” не се грижеше премногу за другите, во радикалните кругови во Иран важеше за “спасителот на земјата” и во него беа полагани сите надежи дека Иран ќе стане светска сила рамноправна со западните. Дека повторно ќе се врати персискиот сјај кој владееше на ова подрачје во годините на големите императори. Тој повторно го зема телефонот од кој пред малку го заврши разговорот со иранецот, за неколку секунди се воспостави потребната тајна врска која ја поврзува Белата Куќа со генералните штабови на главните воени операции. Со тоа, Американскиот генерал Смит, стациониран на регионот на Блискиот Исток ја доби потребната информација. Потоа уште еден повик беше направен, Генералниот Секретар на НАТО, Симоне, слушајќи ја информацијата го зеде досието од неговата фиока. Сега веќе беше јасно дека нема волја за соработка, од денес се повеќе ќе се зголеми ангажираноста на аналитичките тимови на НАТО силите. Досието го содржеше планот за кој сите се надеваа дека нема да биде потребен. Главните разузнавачки  агенции во здружена ,добро испланирана акција, беа распоредени  во регионот се со цел да бидат во тек со сите промени. Позицијата на местото Министер за одбрана на ”Полумесечина”, му даваше ингеренции во креирањето не само на воената стратегија, туку и целосен пристап во раководењето на нуклеарната централа “Хојум” која се наоѓаше блиску до границата со Турција. Централа која поседуваше моќност да ги оствари заканите на ”Полумесечина” и да ги направи сурова реалност.

СРЕДОЗЕМНО МОРЕ 17.04.2020 18:30 ET

На Британскиот носечки воен брод “HMS Queen Elizabeth “, стациониран во водите на Средоземното Море беше договорен состанокот. Генералите на главните воени сили на НАТО Алијансата беа повикани од страна на Генералот Смит се со цел планирање на операција која ќе овозможи упад во просториите на “Хојум”. Тој ја објасни состојбата како високо критична. Во заедничка мисија на израелските тајни служби на МОСАД и американската разузнавачка интелегенциска агенција ЦИА, дојдено е до информации кои ќе го потресат целиот свет. Заканите на ”Полумесечина” беа на пат да се исполнат. Брзата и стратегиски добро испланирана реакција на Силите може да го спаси најголемиот дел од светот од пропаст. За помалку од 48 часа ќе бидат лансирани повеќе од 70 безпилотни летала кои ќе носат бомби со огромна атомска разорност и чии крајни дестинации ќе бидат западно-европски и американски градови во кои вкупно живеат над половина милјарда жители. Проценките на експертските воени тимови на НАТО кои беа запознаени со “украдените”  планови за напад на ”Полумесечина” не беа сјајни. Новите летала кои работат на молекуларна механизација не беа достижни за против-воздушните ракети со кои располагаа НАТО силите, а близината на Европа значи и неможност да се пресретнат на патот пред детонацијата. Напад без никакво предупредување кое ќе предизвика такви не само човечки и материјални, туку и последици предизвикани од употребата на атомско оружје нема да значи ништо друго освен почеток на голема војна, почеток на крајот.

Прочитано 1859 пати Последен пат изменето на Четврток, 25 Април 2013 14:03
Hristijan Despotovski

Господинот Христијан Деспотовски, дипломиран на политички науки на правниот факултет Јустинијан Први – Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Потоа запиша магистерски студии на Економскиот Факултет при истиот Универзитет, насока Монетарна економија, финансии и банкарство, а моментално работи и на подготовка на својата магистерска теза. Дел од Претседателството на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија стана по последното Генерално Собрание на организацијата во Јануари 2012, од кога и постојано го дава својот допринос во голем дел од активностите на Евроатлантскиот Совет и ја искажува својата заинтересираност на теми од областа на безбедноста и одбраната.

Повеќе во оваа категорија: Мое мислење – ЕАСМ Vol.1 »
Логирајте се за да поставите коментар

Ваше мислење

Мај 24, 2013 2792

ТЕРОРИЗМОТ - ПОСЕБЕН ОБЛИК НА…

Тeроризмот прeтставува сериозна закана на тeмeлнитe начeла на мeѓународниот порeдок, заeдничкитe…
Мај 23, 2013 3565

Сајбер тероризмот и безбедносните…

“Сајбер просторот е реален - со тоа и сите ризици кои ги носи” - Барак Обама““Hic sunt leones –…
Мај 22, 2013 2329

САД и концептот на еднаквост на…

Според Бенедикт Кингсбури (Benedict Kingsbury), нееднаквоста во и измеѓу општествата е запоставен…
Мај 21, 2013 2655

Наследството на Солферино

Евроатлантските интеграции се веројатно најзборуваната тема во Македонија. Нема кој не го знае…
Мај 07, 2013 2323

Македонија и нејзиното членство во НАТО…

Како една од главните аспирации на Република Македонија, главно од безбедносен и економски аспект,…
Апр 30, 2013 1948

Положбата на жените во безбедносните…

Не е многу одамна денот, кога на жените им се под-отворија вратите за вработување во безбедносните…
Апр 30, 2013 5128

Тероризмот како меѓународна безбедносна…

Секогаш посебен интерес за државата и за нејзиниот апарат за безбедност и одбрана побудувале…
Апр 29, 2013 1615

Одржливост на НАТО партнерствата: точки…

Процесот на политиката проширување на распространетоста на партнерствата на НАТО насекаде низ…
Апр 26, 2013 2850

Историјат и формирање на…

Официјално, Хеликоптерската единица била формирана во 1969 година во склоп на тогашната Македонска…
Апр 26, 2013 2354

Местото, улогата и важноста на…

Поттикнат од летаргичноста во која влегоа здруженијата кои се бореа за правата на дипломираните…