Поддржано од:    
                                                                                  

Поднеси артикл

Поднесување на артикл

Атлантика е прва онлајн платформа од ваков карактер во земјата и регионот каде  што може да дебатираат сите оние со свежи и конкретни идеи. Ги охрабруваме сите студенти и професионалци да ги споделат и дополнително да ги развиваат своите анализи и истражувања во областа на безбедноста, одбраната, меѓународните односи, трансатлантската политика, глобализацијата, како и сите модерни предизвици и проблеми.

Регистрација: За да поднесете артикл на Атлантика мора да креирате кориснички профил во делот заедница. Креирањето на профил е бесплатно и ќе ви одземе една минута. Само кликнете на копчето приклучи се!

Откако ќе го креирате и ќе се најавите на вашиот кориснички профил на Атлантика, можете да започнете со пишување. Во горното мени ќе го најдете делот поднеси артикл.

Поднесување на артикл: Вашите артикли наменети за делот „Ваше мислење“ треба да содржат кратко објаснување за проблемот, истражување/ анализа и завршни заклучоци и препораки. Секој артикл треба да е во должина од 600 до 800 збора. За сите други видови на статии и артикли (абстракти, презентации на дипломски и магистерски тези, анализи, истражувања и сл.) слободно испратете ни e-mail.

Во прилог на вашиот артикл, не заборавајте да ни испратите кратка биографија (1-2 реченици) за вас.

Доколку наидете на технички проблеми, слободно прикачете го артиклот во атачмент со ваша фотографија (JPEG формат) и испратете ни e-mail.

Фотографија: Запомнете дека неопходно е да прикачите формална фотографија со добар квалитет на вашиот кориснички профил.

Временска рамка: Во рок од 2-3 работни дена, ќе добиете одговор дека Вашиот артикл е уредно примен. Уредувачкиот тим на Атлантика ќе ве контактира во најскоро време за да ве извести за статусот на вашиот артикл. Имајте во предвид дека Атлантика како приоритетни ќе ги постави оние артикли кои се однесуваат на актуелни теми и од членови на мрежата кои се активни со коментари.  

За повеќе информации слободно испратете ни e-mail на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Во очекување да го прочитаме она што вие го мислите!