Летен кампус – 2013 година – Сеопфатно здружен напор за градење на мирот

Смесители для душа и ванны
Детские игрушки, развивающие игры

Категорија: Летен кампус

Тема: Летен кампус – 2013 година – Сеопфатно здружен напор за градење на мирот

Рок за пријавување

Краен рок за доставување на трудовите: 01 април 2013 година

Извесување за прифатени трудови: 20. април 2013 година

Усвојување на финална верзија: 31. април 2013 година

Датум и место: 12 – 21 јуни 2013

Опис ( максимум 300 зборови)

Целта на академскиот дел од Летниот кампус е питомците и студентите (слушателите) да се стекнат со одредено академско ниво на знаење од доменот на пост-конфликтните операции, а особено околу меѓународно-правните и дипломатските аспекти на напорите за градењето на мирот, еволуцијата на воената доктрина како поддршка на политичките напори за градење, наметнување и чување на мирот во рамките на регионалните меѓународни организации како НАТО и ЕУ.

Темите кои ќе бидат опфатени на летниот капус се следните (но не само ограничено на нив):

-Иднината на пост-конфликтните операции: перспективи и предизвици,

-Меѓународно-правните аспекти на пост-конфликтните операции,

-Дипломатските напори за спречување на конфликти,

-Улогата на дипломатијата во пост-конфликтоното градење, наметнување и одржување на мирот,

-Значењето на економијата како инструмент на политичка моќ и нејзиниот придонес кон пост-конфликтно градење, наметнување и чување на мирот,

-Улогата на НАТО во идните пост-конфликтни операции,

-Примена на доктрината „Должност да се заштити“ во пракса,

-НАТО и доктрината „Должноста да се заштити во Либија“, предизвици и перспективи,

-Заштита на човековите права за време на пост-конфликтните операции,

-Корупцијата за време на пост-конфликтните операции и потребата за одржување на легитимитет,

-Поставеноста и улогата на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во пост-конфликтни операции и нивното влијание за успехот на пост-конфликтните напори во градењето, наметнувањето и чувањето на мирот,

-Улогата на сајбер безбедноста во пост-конфликтните операции.

-Важноста на културните, религиозните, регионалните и глобалните влијанија за успехот на пост-конфликтните напори во градењето, наметнувањето и чувањето на мирот,

-Улогата на медиумите во пост-конфликтните операции: партнер или непријател на мировниците,

-Улогата на невладиниот сектор во пост-конфликтните операции,

-Современите предизвици на доктрината за операции за стабилизација и поддршка,

-Улогата на младите лидери во зачувувањето на стратешките линии на комуникација за време на НАТО водените операции,

-Во потрага по ефективно разбирање на стратешките импакти од тактичко ниво,

-Предизвиците за работа со преведувачи и локални партнери: исксутвата од досегашните НАТО операции,

-Ефективна трансформација на политичките насоки во задачи на теренот помеѓу цивилниот и воениот персонал (искуствата од транзициските тимови во Авганистан),

-Искуствата на пост-конфликтните операции водени од НАТО во доменот на цивилно-воените односи,

-Научените лекции за работа со коалициони партнери: клуч во успешно надминување на предизвиците во идните НАТО водени пост-конфликтни операции,

Работни јазици: Работен јазик на Летниот кампус ќе биде англискиот.

Квалификации ( максимум 100 зборови)

Отворено

Апликација: http://morm.gov.mk/content/?ID=7CF6EB98BA9AA4123E41F66342DBA4A0AE5632DF&lang=mk#.UURvjhfvsfx

Трошоци: Нема котизација      

Надоместок: Нема

интернет магазин двд дисков
заказать игры почтой