Поддржано од:    
                                                                                  

За нас

 

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ), како еден од приоритетните проекти ја лансира социјалната мрежа за безбедносни и одбранбени прашања – Атлантика, која претставува прва онлајн платформа од ваков карактер во земјата и регионот.

Атлантика е поставена на постоечкиот веб-сајт на ЕАСМ - www.atamacedonia.org.mk. Основната идеја е да им се даде право на глас на новата генерација на мислители и млади лидери, давајќи им можност да пишуваат и дебатираат „рамо до рамо“ со експерти, како и да ги презентираат своите идеи пред официјалните лица кои ги донесуваат одлуките. Исто така, Атлантика го цени мислењето на сите експерти и познавачи во делот на безбедноста, одбраната и трансатлантикот.

Седиштето на Атлантика се наоѓа во просториите на ЕАСМ во Скопје.

Најголем дел од идните настани во организација на ЕАСМ и Светската Атлантска Асоцијација (АТА) ќе бидат објавени на мрежата, а уште повеќе дел од настаните ќе се емитуваат во живо со видео конференции.

Преку самата мрежа, јавноста може да расправа за клучните безбедносни и одбранбени прашања, да направи свој профил, да напише статија, да ги сподели своите настани и коментари, да става ознаки и слично.

Членството е бесплатно. Станете член на нашата заедница на наједноставен начин и приклучете се во дебатата со вашите сограѓани и врсници.