Поддржано од:    
                                                                                  

Мисија

Атлантика е првата онлајн платформа во земјата за развој на клучните прашања на внатрешната и надворешната политика на Република Македонија, како и за безбедноста, одбраната, меѓународните односи, трансатлантската политика, глобализацијата и сите модерни предизвици и проблеми. Нашата цел е да се презентираат конкретни мислења и ставови за одредени актуелни предизвици, како и да и се даде глас на новата генерација на мислители и млади лидери.

Нашите ставови и мислења се достапни 24 часа на ден и се обезбедува простор каде што ќе може секој граѓанин да се вклучи активно во утврдување на домашната и трансатлантската агенда. Ги охрабруваме сите заинтересирани да учествуваат, без разлика дали се или не се дел од Атлантската заедница во географска смисла. Секој придонес е добредојден.

Нашите цели се:
Да се подобри комуникацијата околу прашања за Атлантизмот преку форуми, блогови и видео конференции;
Да се подигне дебатата за безбедностните и одбранбените прашања помеѓу сите генерации и сите сфери во општеството;
Да ја мотивира помладата генерација со што ќе им даде шанса да го изразат своето мислење преку објавување на натписи и коментари, со што ќе влијае на самата дебата и во процесот на донесување на одлуки;
Да се донесат потенцијални решенија за Евро-атлантската интеграција на земјата и да се подигне јавната свест за овие важни процеси процеси;
Да поттикне отворен и демократски дијалог за предизвиците со кои се соочува Европа и Светот.